1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кацав поднесе оставка

*

Израелскиот претседател Моше Кацав денеска поднесе оставка откако вчера неговите адвокати и обвинителството постигнаа договор во врска со судскиот процес против него поради обвинувањата за силување.

Оставката ќе стапи во сила в недела,Кацав се повлекува две недели пред истекот на седумгодишниот мандат.Против него ќе бидат подигнати само полесни обвиненија за непристојно поведение,сексуално малтретирање и попречување на правдата.Тој ќе добие условна казна затвор и ќе треба да плати парична отштета на четирите жени кои поднесоа тужби против Кацав.