1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кацав може да здивне

Со тесно мнозинство израелскиот парламент се согласи со привремното мирување на функцијата на претседателот Моше Кацав заплеткан во секс – афера. Државниот обвинител има намера против него да покрене тужба, но дури откако уште еднаш ќе го сослуша. Според извешатите на израелските медиуми тоа би можело да трае уште три месеци. Највисоката казна за силување во Израел е 16 години затвор.

Може да се олабави: Моше Кацав

Може да се олабави: Моше Кацав

Моше Кацав може да се смири. Со овие лаконски зборови еден новинар го коментираше решението на израелскиот парламент. По жестоката дебата парламентарниот одбор реши да го прифати барањето на претседателот за привремено мирување на неговата функција. Претседателот на одборот Рухама Аврахам соопшти:

„За 13, против 11. На тој начин е решено да се прифати барањето на претседателот за мирување на неговата функција. Неговите задолженија во тој период ќе ги преземе претседателката на парламентот Далија Ицик„.

Правниот експерт Моше Негби кој уште порано го критикуваше парламентот поради пасивност во случајот Кацав, со коментар:

„Тоа е оптичка измама. Како на тој начин да се решава проблемот. Кацав останува претседател, иако нема надлежности. Меѓутоа, најважното во претседателската функција е симболиката, а симбол и натаму ќе биде човек кому му се припишуваат такви дела и кој им објави војна на сите демократски институции во Израел„.

Најлошото во ова решение е тоа што Кацав и натаму ужива имунитет, па затоа истрагата на полицијата и државниот обвинител против него е ограничена. Зехава Галон од опозиционата Мерец партија:

„Оној што денеска се согласи со молбата на претседателот, му даде и имунитет против започнувањето постапка и затворска казна. Казната за силување е затвор, а не одземање на мандатот„.