1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кацав: "Германија вистински пријател на Израел”

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер од денеска е во четиридневна посета на Израел по повод 40-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Келер првата средба ја имаше со својот домаќин, израелскиот претседател Моше Кацав.

Германскиот претседател Хорст Келер

Германскиот претседател Хорст Келер

Кацав ги оцени односите меѓу двете земји како блиски и пријателски. “Германија во годината 2005-та е вистински пријател на Израел”, рече претседателот на таа земја на заедничката прес-конференција.

Хорст Келер искажа задоволство поради поканата за посетата и посебно од топлиот, пријателски пречек и од атмосферата за време на разговорите. Во нив обајцата соговорници биле согласни дека треба да биде натамошно интензивирана соработката меѓу младите од двете земји. Националсоцијалистичкото минато и’ налага на Германија и во иднина посебна одговорност за еврејската држава. Сите демократски сили во Германија се обединети за сузбивање на антисемитизмот и десниот радикализам со сите замисливи средства, но пред се’ со политичко спротивставување, рече Келер. Германскиот претседател во текот на денов ќе се состане и со израелскиот премиер Ариел Шарон, а утре ќе одржи говор во парламентот.