1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Катрина остави зад себе стотици загинати?

По Катрина нова силна бура , го привлекува вниманието на светската јавност . Ураганот или како што на далечниот исток го нарекуваат тајфунот Талим со ветришта со брзина од 220 километри на час се движи кон Тајван. Голем број училишта, канцеларии и продавници во земјата се затворени во очекување на Талим. Во меѓувреме пак во САД поточно во неколку сојузни држави на југот од земјата кои без во средиштето на

Њу Орлеанс

Њу Орлеанс

беснеењето на Катрина се спроведува опсежна спасувачка и хуманитарна операција во обидот да се намалат штетите што ги предизвика ураганот. Се стравува дека во ударот на Катрина загинале неколку стотици луѓе.

„ Го преживеав ураганот Камил , и можам да ви кажам ова беше далеку полошо“ – раскажуваше Кеит Барнс, од местото Оушн Спрингс во американската држава Мисисипи.

Камил која го погоди јужното крајбрежје на САД , токму како и Катрина , досега важеше за најголемата природна катастрофа на американско копно. Во нејзиниот налет во 1969 година загинаа 250 луѓе. Меѓутоа пустошот што зад себе го остави Катрина е неспоредлив . „Како да не погоди нуклеарна бомба“ – велеа за американските медиуми жителите на едно од најтешко погодените места , туристичкото одредиште Билокси во државата Мисисипи.

Според проценките на локалните власти само во ова место загинале повеќе од 80 луѓе. Меѓутоа федералните спасувачки служби велат дека за жал оваа бројка е најверојатно далеку поголем . Се стравува од стотици загинати во местата на крајбрежјето од Мисисипи .

И додека градовите во Мисисипи , Алабама и Тенеси се затрупани во урнатини, главниот град на Луизијана, Њу Орлеанс, кој се наоѓа под морското ниво е речиси целосно поплавен . Спасувачите со хеликоптери се обидуваат да ги евакуираат преживеаните кои ги чекаат на покривите од своите целосно потопени домови. Тие најчесто се пренесуваат до централниот градски стадион Супердом , каде што прибежиште наоѓаат и многу други луѓе кои самите ги нап