1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Католичка црква: Милиони долари отштета за жртви на злоставување

Обесштетување од 10 милиони долари ќе им биде исплатено на 4 мажи кои како момчиња биле злоставувани од свештеник во Лос Анџелес. Кардиналот кој сепак го оставил свештеникот на служба, сега учествува во избор на папа.

Договор за обесштетувањето е постигнато меѓу адвокатите на жртвите, на поранешниот свештеник и на кардиналот Роџер Махони (фото горе). Согласност за отштета Махони, кој сега учествува на изборот на папа, дал на почетокот на март.

Свештеникот Мајкл Бејкер во 1970-тите повеќе пати ги злоставувал четирите момчиња, стои во судското досие. Жртвите го обвинуваат Махони, кој беше надбискуп во Лос Анџелес од 1985 до 2011 година, дека и натаму го ставил свештеникот на служба, иако Бејкер во 1986 година призал дека во минатото злоставувал малолетници. Во 2007 година свештеникот беше осуден на десет години затвор, откако призна вина во два случаи. Во октомври 2011 година е ослободен од затвор.

Диецезата Лос Анџелес минатиот месец на својата интернет-страница ги објави обвинувањата против 124 свештеници. Во 82 случаи станува збор за сомневање за сексуално злоставување. Објавувањето е дел од договорот на црквата и на жртвите од 2007 година. Тогаш 500 жртви жртви на педофилија постигнаа договор со црквата за обесштетување во висина од 660 милиони долари.