1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Катимерини“: Отпор против Грција на ГАК во врска со Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што се оддржа во вторникот (17.12) не поминал безболно за Грција, кога станува збор за одлуката за заклучоците за Македонија.

Состанокот на министрите за надворешни работи на замјите-членки на ЕУ во т.н Советот за општи работи (ГАК) не помина безболно за Грција, откриваат извори од грчкото Министерство за надворешни работи за дневниот весник „Катимерини“.

„Неколку колеги, со помош на комесарот Штефан Филе, вршеа притисок на Македонија да ѝ се даде датум за почеток на преговори, на што Грција и други земји силно се спротивставија“, го цитира весникот изворот во грчкото МНР

Ова прашање, како и интервенциите за промена на текстот за Македонија во заклучоците, предизвикале прекин на состанокот. Грчката страна барала во текстот да стои дека Скопје треба да „направи суштински ( значителни ) чекори за добрососедство“, додека останатите не сакале да се ставаат придавки.

„На крајот се дојде до компромисниот збор ’опипливи’: Скопје треба да направи опипливи чекори за добрососедство“, информира „Катимерини“.

Поврзана содржина