1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Катимерини: Има ли Грција план Б?

Тоа што ирското претседателство со ЕУ одлучи на Советот за општи работи да нема заклучок ниту да се разговара за датум за пристапни преговори со Македонија е задоволувачки развој на настаните за Грција, пишува Катимерини

Според весникот „Катимерини“, ако на маса на Советот на ЕУ повторно беше препораката на Комисијата за почеток на пристапните преговори со Македонија, Грција повторно ќе блокираше и повторно ќе беше на „тапет“ на меѓународната јавност.

„Катимерини“ нагласува дека не треба да се има илузии, затоа што Европејците што е можно побрзо ќе се обидат да го затворат ова прашање и ако не се случи на овој состанок, тоа може да се случи во декември или во јуни следната година. Европејците веруваат дека Атина и Скопје можат и треба да постигнат компромис и да го решат случајот, како Србите и косовските Албанци, по што Брисел ги награди.

„Познавачите тврдат дека наскоро ќе дојде ’бура’ со неиздржлив притисок, па дури и уценувања и тие се плашат дека тврдината ’ерга омнес’ може да се покаже како Мажино линијата за оклопната дивизија на Гудеријан. Така, се поставува прашањето: дали Атина има план Б или ќе одлучи херојски да падне борејќи се за познатите црвени линии“, заклучува „Катимерини“.