1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Катер: побрзо да се донесе одлуката за статусот

*

Командантот на КФОР, германскиот генерал Роланд Катер денеска ја повика меѓународната посредничка тројка што побрзо да постигне решение за идниот статус на Косово, поради граѓаните во покраината и нивната иднина. Катер за германското радио изјави дека без разлика дали се работи за српското малцинство или албанското мнозинство “на луѓето им е потребна таа одлука за да имаат јасна визија за својата иднина”. Катер тврди дека статусот не е приоритет за граѓаните на Косово. Тие повеќе се занимаваат со решавање на секојдневните проблеми.