1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Катастрофа во туристичкиот рај

Невремето кое го зафати португалскиот остров Мадеира однесе повеќе животи. Поради поплавите и лизгањето на земјиштето се урнаа и повеќе куќи.

default

Фуншал под вода

Регионалната влада во главниот град Фуншал објави дека животот го загубиле најмалку 38 лица. Повеќемина се’уште се водат за исчезнати. Во болниците се превезени околу 100 повредени лица.

Повеќечасовните дождови, кои го зафатија еден од омилените туристички острови во Атлантскиот океан доведоа до големи поплави и лизгање на земјиштето. Водените маси ги повлекоа автомобилите, уништените куќи, мостовите и дрвјата во морето.

Madeira / Funchal / Hochwasser

Мадеира

Аеродромот на Мадеира привремно беше затворен. Голем број улици се блокирани, а некои места се отсечени од надворешниот свет. Цивилната заштита упати апел до населението да не ги напушта своите домови. Но, поради растечкото ниво на водата, жителите од пониските делови на градот мораа да бидат евакуирани. Некои делови на островот останаа без струја, а прекинати беа и телефонските врски. Спасувачките екипи преку локалното радио упатија повик до лекарите и останатиот медицински персонал да се пријават за вонредна служба. Службата за заштита од катастрофи на Португалија испраќа дополнителни спасувачки екипи, кои на островот треба да пристигнат денеска.

Madeira / Funchal / Hochwasser

Мадеира

Португалскиот премиер Жозе Сократес е длабоко потресен поради жртвите и уништувањето на отровот. Во моментот кога тоа ќе го дозволат временските услови, тој ќе отпатува за Мадеира. Регионалниот претседател на Мадеира, Алберто Жоан Жардин побара помош од Европската унија. Претседателот на Комисијата на ЕУ, Португалецот Жозе Маниуел Барозо, им изрази сочувство на жртвите. Европската комисија ќе им пружи помош на португалските власти, увери Барозо.

Мадеира со околу 260.000 жители е најголемиот остров во истоимениот архипелаг. Лежи на околу 600 километри од Западниот брег на Африка.

Автор: АТ/ЖА/дпа/апн/афп/ртр