Катастрофата во Чернобил | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Катастрофата во Чернобил

Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи на 25-26 април 1986 година во четвртиот реактор на нуклеарната централа во близина на Припјат, источна Украина.

Хаваријата во Чернобил се случува за време на тест кој треба да ја испроба подготвеноста на безбедносните системи на нуклеарната централа во случај на прекин на доводот на електрична енергија. Се смета за најголема нуклеарна катастрофа во историјата. Радиоактивниот облак кој се ослободува по експлозијата зафаќа големи делови од тогашниот СССР и Европа. Остатоците од реакторот број 4 во меѓувреме се поклопени со бетонски саркофаг.