1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Катастрофата во Фукушима можела да биде избегната

Атомската несреќа во Фукушима, според сознанијата на јапонската парламентарна комисија, можела да биде одбегната и затоа може да се окарактеризира како „катастрофа предизвикана од луѓе“.

„Претходната влада и тогашната влада, надзорните органи и управителот Токио Електрик Пауер ја повредија нивната обврска за заштита на човечките животи и општеството“, се вели во денеска објавениот извештај за катастрофата од март 2011. Во извештајот дебел 641 страница се вели дека надзорните власти многу колебливо се однесувале при спроведувањето на безбедносните стандарди, кои можеби ќе ја спречеле катастрофата. По катастрофата имало проблеми и кај фирмата управител, како и во редовите на кризниот менаџмент во владата. Фирмата управител Тепко, на пример, прашањето на трошоците го ставила над прашањето на безбедноста. Инаку, Тепко во својот извештај за несреќата констатираше дека цунамито било одговорно за катастрофата и од себе отфрли секаква одговорност.

Japan Atomreaktor Fukushima Rettungsaktionen Flash-Galerie

Извештајот е еден од трите извештаи подготвени околу несреќата. За да се дојде до ваквите резултати биле направени интервјуа со повеќе од 1100 луѓе, многумина од набљудувачите ги критикувале тесните врски на политиката и атомската индустрија и тие тесни врски ги сметаат за главна причина за катастрофата, поради тоа што браншата не е подготвена како што треба за слични кататсрофи.

По катастрофата од Фукушима беа исклучени сите 50 јапонски реактори за да се изврши безбедносна проверка. Во моментов во Јапонија работи само еден реактор.