1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Катастрофата во Кина добива застрашувачки димензии

Земјиштето во Сичуан не престанува да се тресе. Официјално во земјотресот има 12 000 загинати,но бројката постојано расте. Сеуште ијладници луѓе се затрупани под урнатините. Властите бараат помош во храна, вода и лекови.

default

Слики од погодениот регион

Нов последователен потрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска е почуствуван во југозападната кинеска провинција Сичуан. Таа е веќе разорена по вчерашниот катастрофален земјотрес. Ситуацијата на теренот е драматична. Сликите се разорувачки: паднати бетонски блокови, урнатини од куќи, фабрики и училишта. Официјалната бројка загинати е 12 000, но бројот на жртвите постојано расте. Се стравува дека ќе се удвои. Сеуште илјадници луѓе се наоѓаат под урнатините. Голем број од населението, ноќта ја мина под отворено небо. Низ парковите и улиците се поставени шатори. Властите бараат помош во вода, храна и лекови. Се бараат и доброволци од целата земја. Еден од оние кои помагаат во болницата во градот Дејанг изјави:

„Уште од рано утро сме дојдени овде. Прво имаше 600 повредени. Само за неколку часа бројот порасна на 800, а болничките возила постојано носат нови настрадани. Дури нема место внатре во болницата, па поставивме шатори и надвор, каде ги сместивме полесно повредените“.

Џијабао: не смее да се губи ниту една минута

Кинескиот премиер Вен Џијабао кој уште вчера допатува на местото на несреќата, во текот на ноќта ја набљудуваше работата во кризниот штаб во градот Беичуан. Само таму се уништени 80% од градбите, а најмалку 5000 луѓе загинаа.

Erdbeben in China, Menschen versuchen, ihr Eigentum unter den Trümmern zu finden

Илјадници доброволци трагаат по преживеани

„Патот до најпогодениот град Вечуан е сеуште недостапен. Армијата се обидува да го расчисти. Целта е да се спасат илјадниците кои се затрупани под урнатините. Таму е упатена и група од 140 експерти. Не смее да се губи ниту една минута во којашто може да се спаси некој човечки живот“, порача Џијабао. Спасувачката акција се води отежнато поради дождот кој постојано паѓа.

„Од синоќа само врне и дождот се засилува. Тоа ја прави ситуацијата многу потешка и за настраданите и за спасувачите“, вели овој доброволец. Во меѓувреме многу земји меѓу кои Германија, САД, Јапонија, Франција и Русија понудија итна помош за настраданиот регион. Ова е најстрашниот земјотрес кој ја погодил Кина во последниве 30 години.