1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Катастрофални поплави во Индонезија

Главниот град на Индонезија, Џакарта, по повеќедневните обилни дождови и натаму тоне во водните маси. Јавниот живот во милионската метропола во големи делови е парализиран. Бројот луѓе што остана без покрив над главата, според официјалните информации соопштени денеска, достигна 340 илјади. Во поплавата загинаа најмалку 20 лица. Метеоролозите и за наредните денови предвидуваат силни врнежи од дожд.

Катастрофални поплави - очај кај луѓето

Катастрофални поплави - очај кај луѓето

Според информациите на индонезиската новинска агенција Антара, делови од центарот на градот се наоѓаат во валкано кафена вода од преку 4 метри. Јавниот сообраќај во најголемиот дел е парализиран. Во некои делови од 9-милионската метропола нема струја, а вон употреба е и телефонската мрежа. Се вели дека поплавите во Џакарта за време на дождливиот период воопшто не се реткост, но исто така се вели дека волку лошо никогаш не било. Индонезискиот министер за екологија Рахмат Витулар одговорноста за поплавите ја префрли врз големите градежни активности. Во интервју за еден весник тој изјави дека во најмногу погодените квартови никнаа премногу големи трговски центри. Градежните активности ја оштетија природната дренажа што придонесе за големите поплави. Илјадници луѓе од посебно погодените и загрозени квартови се евакуирани и сместени во џамии или други јавни објекти. Спасувачките екипи страхуваат од појава на зарази. Инаку, за време на викенд деновите дождовите ослабнаа, но метеоролозите предупредуваат на можноста од нови силни дождови во наредните денови што уште повеќе можат да ја влошат ситуацијата.