1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Катастрофална недела за Бајерн Минхен

Додека клубот од Минхен доживеа три порази едно по друго, Дортмунд сигурно чекори кон титулата првак. Кој славеше, а кој тажеше по 25. коло на Бундеслигата?

default

Хановер подобар од Баерн Минхен

Каква недела за тимот на Баеерн - прво поразот на домашен терен од Дортмунд, потоа во натпреварите од Купот на Германија загубија од Шалке, а згора на тоа сега и Хановер ги совлада со 3:1. Шефот на управниот одбор, Карл Хајнц Румениге оцени:

„Дефинитивно минатата недела, без претерување, може да се нарече катастрофална.“

Тој сепак не одговори на прашањето дали Баварците и натаму ќе го задржат тренерот Луис ван Гал.

„Ако нешто сум научил од минатото, а не сме од вчера во овој бизнис, тоа е дека по вакви натпревари човек не треба емоционално да реагира и донесува одлуки. Ќе оставиме прво работите да легнат.“

Тимот на Хановер, пак, со победата над Баерн ја зацврсти третата позиција на табелата - на радост на тренерот Мирко Сломка:

„Денешниот натпревар е нешто посебно, бидејќи со мечот успеавме да освоиме пет поени и ова навистина беше дуел во кој имаше што да се добие и што да се изгуби. Кога играте против Бајерн Минхен, си велите: добро, три поени би биле супер, дури и еден поен би бил доволен. Меѓутоа, никогаш не помислувате дека на крај табелата ќе изгледа како што изгледа денеска“, истакна Сломка.

Fußball Bundesliga 25. Spieltag: Borussia Dortmund - 1. FC Köln im Signal Iduna Park in Dortmund Flash-Galerie

Левандовски (Дортмунд) имаше причина за славење

Дортмунд суверено чекори кон титулата првак. Лидерот на табелата во петокот (4.3.) го победи тимот на Келн со 1:0. Само голманот на Келн, Михаел Рензинг, спречи поразот да биде уште покастрофален за неговиот тим.

И Леверкузен, второпласиран на табелата, не му препушти ништо на случајот. Иако Михаел Балак повторно не излазе на теренот, екипата од Леверкузен успеа да го совлада Волфсбург со 3:0.

Тимот на Хамбургер, пак, загуби на домашен терен од Мајнц со 2:4. Националниот играч Денис Аого по средбата оцени:

„Факт е дека водевме со 1:0 и моравме да продолжиме да играме така до самиот крај. Меѓутоа, можеби сакавме да добиеме малку повеќе, можеби ризикувавме повеќе отколку што требаше, и на крај бевме казнети за тоа“.

Во меѓувреме, продолжува успешната приказна на тимот од Нирнберг. По фантастичната победа од 5:0 против Санкт Паули, клубот може да сонува дури и за интернационален пробив. Кристијан Ајглер беше одговорен за мајсторските четири гола во еден меч:

„Три - четири пати се наоѓав сам пред голот и морав да шутирам. Меѓутоа, се разбира дека тоа е комплимент за целиот тим, што успеавме толку добро да изиграме.“

На Санкт Паули му се заканува опасноста повторно да се најде на дното на табелата.

Flash-Galerie Fußball Bundesliga 25. Spieltag SC Freiburg SV Werder Bremen Sonntag 06.03.2011

Надеж за преживување кај фудбалерите на Бремен

Вердер Бремен, пак, победи против тимот на Фрајбург со 3:1 и со тоа си обезбеди мала предност во борбата за преживување на табелата. Тренерот на Бремен, Томас Шаф, искажа олеснување:

„Важно беше што ги освоивме трите поени, тоа е најважно. Сметам дека денеска повторно направивме чекор напред. Се` уште не е се‘ најдобро, меѓутоа се подобруваме“, рече Шаф.

Штутгарт го победи Шалке со 1:0 и со втората победа по ред, успеа да излезе од критичната позиција на табелата. Зрак надеж имаше и за Менхенгладбах, по победата од 2:0 против Хофенхајм. Тренерот Лусиен Фавре:

„Во второто полувреме бевме нешто подобри и затоа сметам дека победата беше заслужена.“

Средбата меѓу Франкфрут и Кајзерлаутерн заврши без голови.

Автор: Тобијас Елмајер/Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска