1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Катастрофална игра на бранителот на титулата - Грција

Португалија-Чешка и Швајцарија-Турција се натпреварите што ќе се играат денеска (11.06.2008) на Европското фудбалско првенство. Вчера, победи на репрезентациите на Шведска и Шпанија.

default

Златан Ибрахимовиќ слави по постигнатиот гол за Шведска

Португалија и Чешка денеска во Женева ќе се борат за влез во четвртфиналето на Еропското фудбалско првенство. Двете репрезентации беа победници на првите средби во групата А, а победникот од денешниот натпревар е сигурен четвртфиналист. Во Базел, пак, Швајцарците и Турците ќе се борат такаречи за опстанок и за премин во втората рунда од првенството.

По средбите одиграни вчера, коментарите се сосема јасни - бламажа за бранителот на титулата европски првак, Грција и старт од соништата за Шпанија.

Слабо издание на Грците

Грците во Салцбург загубија од Шведска со 0:2. Јоанис Аманантидис, кој инаку игра во Франкфурт, по натпреварот оцени: „Тоа беше фудбал со страв, без контролирана офанзива или што било друго. Така не може да се игра против најдобрите во Европа. Мора да видиме како да го свртиме кормилото во наредните денови. “

Тренерот Ото Рехагел, обидувајќи се да направи биланс на натпреварот, нагласи: „Нашиот среден ред денеска не се истакна, но Швеѓаните играа многу добро и притискаа многу добро. Во решавачкиот момент немавме доволно борбен дух, кој инаку го презентираме.“

Шведска, која во натпреварот влезе, условно речено, како послаб партнер, на крајот славеше, а Фредрик Љунгберг, објаснува: „Бевме малку нервозни. Тоа за нас беше важен натпревар, а тие играа многу статично и тактизираа. Во второто полувреме игравме малку подобро и игравме на ниски топки и така си создадовме шанси.“

Русија под притисок

Во групата Д, во Инсбрук, силите ги одмерија Шпанија и Русија. Давид Виља речиси сам и‘ донесе победа од соништата на неговата екипа. Стрелецот од Валенсија, постигна три гола. Конечниот резултат беше 4:1 за Шпанија, а Русите кои имаат најмлада репрезентација на првенството, сега, исто како и Грција, пред меѓусебниот дуел во сабота, се ставени под голем притисок.