1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Катастрофален земјотрес го погоди Нов Зеланд

Властите во земјата стравуваат дека бројката на загинати може далеку да ја надмине актуелната од 65 мртви. Очевидци го опишуваат градот како воена зона

default

Градот Кристчрч е речиси целосно разрушен

Во силен земјотрес кој денеска го погоди вториот по големина град во Нов Зеланд, Кристчрч загинаа најмалку 65 лица, објавија властите во оваа земја кои очекуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, додека спасувачките служби бараат преживеани под урнатините. Се стравува дека уште најмалку 200 луѓе се заглавени под урнатините.

Станува збор за втор по силина потрес што го погодува овој град во последните пет месеци.

„Можеби сведочиме за најмрачниот ден во историјата на Нов Зеланд, во овој момент имаме 65 загинати, а таа бројка може и да се промени“, изјави премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки.

Земјотресот со магнитуда од 6,5 степени го погодил Кристчрс напладне, по локално време, кога улиците, продавниците и канцелариите се полни со луѓе. Градоначалникот на градот со околу 400 илјади жители го опишал местото како зона погодена од војна.

„Ќе има многу мртви, ќе има многу повредени во овој град“, рекол градоначалникот Боб Паркер во телефонско интервју за австралиска телевизија.

Erdbeben in Neuseeland

Бројот на жртвите би можел да расте, велат надлежните

Втор сличен земјотрес годинава во Нов Зеланд

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите се и патниците на два автобуси, врз кои се урнале згради.

На некои места во градот избувнал и пожар кои пожарникарите се обидуваат да го локализираат, додека спасувачките служби ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Очевидци велат дека делумно е урната и катедралата што се наоѓа во центарот на градот. Во земјотрес со магнитуда од 7,1 степен во септември минатата година што го погоди истиот град беше причинета само материјална штета, без човечки жртви.

Автор: БГ/макфакс/афп

Редактор: Борис Георгиевски