1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Катарски“ жешко за Платини

Француските медиуми го обвинија Мишел Платини дека поради притисок гласал Катар да биде домаќин на СП во фудбал во 2022 година. Претседателот на УЕФА се брани и најавува тужби.

„Судски ќе го гонам секој кој го става под знак на прашање мојот интегритет за време на гласањето за доделувањето на организацијата Светското првенство во фудбал 2022“, стои во соопштението кое председателот на УЕФА Мишел Платини (на сликата горе) го испрати до јавноста. Оваа остра рекакција се однесува за сериозно обвинување.

Имено угледниот спортски весник „Франсе Фудбал“ тврди оти Платини во ноември 2010 година под притисок на тогашниот француски председател Николас Саркози гласал за доделување на СП 2022 на Катар. Како противуслуга шеиците од малиот емират во Персискиот залив му ветиле дека ќе вложат во францускиот фудбал.

Ибраимовиќ во замена за првенството

Flash-Galerie Fussballrückblick 2010



„Тврдењата според кои мојот избор паднал за Катар поради аранжманот меѓу француската држава и Катар се чиста шпекулација“, рече Платини. Но „Франс Фудбал“ на повеќе од 20 страници детално ги анализираше случувањата кои следувале по наводно спорното гласање. Неколку дена пред самиот избор, францускиот председател Саркози ги примил во Елисејската палата, Платини, катарскиот емир, шеикот Хамад Ал Тани и тогашното раководство на францускиот прволигаш Париз Сан Жермен.

Од тогаш парискиот клуб со парите од емиратот купил многу светски ѕвезди, меѓу останатите и Златан Ибраимовиќ. Профитирала и Француската лига бидејќи Катар ги откупил ТВ правата за прикажување прволигашките натпревари. Платини не порекнува дека дошло до спорната вечера, но одлучно негира оти тогашниот француски претседател на него вршел притисок во врска со доделувањето на СП 2022. „Јас таа одлука ја донесов по сопствена волја. Беше време едно светско првенство да се одржи и во овој дел од светот“, рече Платини.

Сериозни обвинувања

Flash-Galerie Fussballrückblick 2010

Kатарскиот емир, шеикот Хамад Ал Тани и претседателот на ФИФА, Сеп Блатер

Најновите обвинувања против председателот на УЕФА не се први кои во прашање ја доведуваат коректноста на доделувањето на организацијата на фудбалскиот Мундијал на Катар.

Апсолутниот аутсајдер Катар се „проби“ покрај силните кандидати како Јужна Кореа, Јапонија, Австралија и САД. САД важеа за апсолутен фаворит. Приказните околу корупцијата пред неколку месеци беа лансирани од потпретседателот ФИФА, Џек Ворнер. Ворнер, кој и самиот се наоѓа на удар на критики поради наводна корупција, навести дека четири члена на извршниот комитет примиле 20 милиони долари во замена за гласање за Катар. Овие обвинувања очигледно одговорните ги сфаќаат сериозно. Како што напиша германскиот весник „Спорт Билд“ уште пред неколку недели, и самиот Етички комитет на ФИФА се сомнева оти Катар купувал гласови. Катар до сега ги отфрлаше сите обвинувања. Повеќе ќе се знае до крајот на неделава кога заседава Етичкиот комитет.