1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Катами во САД!

Во најжешката фаза на спорото во врска со атомската програма на Иран, САД на бивишиот ирански претседател Мохамед Катами му дадоа влезна виза за посета. Катами до есента минатата година важеше за реформатор, меѓутоа во врска со проблемот за атомската програма покажа подеднакво мала готовност за компромис, како и неговиот наследник Ахмадинеџад.

Катами и неговата придружба според информациите од американскот министерство за надворешни работи добиваат визи за приватна посета. Катами, меѓу другоот, на 7 септември има намера да одржи говор во вашингтонската национлна катедрала која има глас како место на кое се дебатира за религиозни теми. Екс претседателот Џими Картер веќе најави желба за разговор со Катами:

Американската влада во моментов им дозволува на своите соработници да даваат интервјуа со акцент врз можните санкции против Иран. Една од нив би била забраната за влез на поранешните членови на иранската влада. Иако не е баш дојдено до таму, внимание привлече тоа што виза за влез во САД доби екс-иранскиот претседател Мохамед Катами. Шон Меккормак, портпарол на министерството за надворешни работи сепак со обид да ги ублажи работите: Катами не го кани американската влада. Тој е поканет да присуствува на манифесатции поддржани од Обединетите нации. Меккормак истакна дека Катами ќе може слободно да се движи:

„Може слободно да зборува. Тоа можат да бидат и критички забелешки, значи работи што луѓето не смеат да ги кажат во неговата земја. Се надеваме дека оние што ќе го видат Катами за време на манифестациите, ќе ја искористат можноста да му поставуваат прашања. На пример, за иранската улога во светот, како го третираат сопственото население и зошто Иран и натаму е најголемиот поддржувач на тероризмот„.

Екс - американскиот претседател Џими Картер веќе соопшти готовност дека не би имал против да се сретне со Мохамед Катами. Тоа вистина би бил историски разговор: земањето во заложништво на 52-јацата соработници на американската амбасада во Техеран во 1979 година се случи кога Картер беше претседател. Заземањето на амбасадата го предизвика прекинот на дипломатските односи меѓу двете земји што трае до денес. Кевин Херменинг тогаш беше еден од заложниците во Техеран. Тој смета дека е скандалозно што на бившиот ирански претседател му е дозволено да дојде во САД:

„Тој треба да зборува на манифестацијата ’Дијалог на цивилизациите’. Мислам дека една влада што ги крши човековите права, која на жените и на другите религиозни организации им ја спречува слободата на мислењето и сите други можности, таква влада нема што да бара на ваков дијалог„.

Меѓутоа, Катами официјално веќе не е претставник на иранската влада. Тој е пензионер. Сега, многумина во САД се прашуваат: ако Катами се сретне со екс-претседателот Картер, патем средба со голема политичка симболика, тогаш за што ќе разговараат? Може ли Картер да и помогне на американската влада за приближување со Иран? Портпаролот Меккормак подвелкува дека владата нема ништо со тоа. А, дали Картер побарал дозвола за средба со Катами?

„Нему не му треба никаква дозвола. Не знам ништо за контактите на поранешниот претседател Картер. Тој е приватна личност и може да се среќава со кого сака„.

Се уште е отворено дали ќе дојде до таква средба, но затоа пак моментот во кој Катами доби дозвола да ги посети САД предизвика голема љубопитност.