1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Каталонците демонстрираат за независност

Стотици илјади Каталонци демонстрираа за незaвисност од Шпанија. Тие направија човечки синџир долг над 400 километри.

Со човечки синџир кој се протегаше низ Каталонија, стотици илјади луѓе бараа отцепување на овој регион од Шпанија. Под слоганот „каталонскиот пат кон независност“ тие бараат основање сопствена држава во економски најсилниот регион на Шпанија, во кој живеат околу 7,6 милиони луѓе. Човечкиот синџир беше подолг од 400 километри и се протегаше од Пиринеите, преку Герона, Барселона, Тарагона, се‘ до границата со соседниот регион Валенсија.

Акцијата на Каталонците беше организирана од сепаратистичката иницијатива Каталонско Национално Собрание (АНЦ). Претседателот на АНЦ, Карме Форкадел побара Каталонците да гласааат за независност наредната година.

Владата во Мадрид категорично отфрла референдум. Според анкета на шпанското радио Кадена Сер, речиси 80 проценти од Каталонците се за одржување референдум. Притоа, околу 52 проценти би гласале за отцепување од Шпанија, а 24% би биле против отцепување.