1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Каталонија - најбогатиот шпански регион во криза

Кризата не го заобиколува ниту најбогатиот регион на Шпанија - Каталонија. Се живее од туризам, лозарство, винарство и земјоделство, но има и доволно индустрија - на пример, претпријатието Фрешенет.

Фрешенет е најголем светски извозник на кава, шпанско пенливо вино. Најмногу од сектот се продава во Германија.

Потребни се нови идеи за да се поттикне пласманот на сектот. Кризата принудува на инвентивност,  одамна веќе не е доволен само домашниот пазар. Хавиер Флорес Бенитес, задолжен за маркетинг во Фрешенет, вели:

„Мислам дека тајната денес е во тоа што Фрешенет отсекогаш ја имаше предвид глобализацијата. Ние всушност не ја чувствуваме кризата, оти главно извезуваме, а домашниот пазар не е толку важен за нас“.

Парите од даноци одат во Мадрид и не се враќаат во вид на инвестиции

Многумина од вработените во Фрешенет живеат во малиот град Марторел, со 28 илјади жители. Од минатата година градот веќе нема долгови. Тоа во прв

Glas Sekt

Фрешенет е најголем светски извозник на кава, шпанско пенливо вино

момент звучи добро. Но, и овде кризата е видлива, барем во градежништвото. Цела Шпанија е погодена од крахот на пазарот на недвижности. Градежниците раскажуваат за своите грижи.

„Порано во претпријатието бевме триста, а сега останавме само 30-мина. Имавме 10 до 12 градилишта, сега имаме само две“, вели Мануел Гарсија Полиер, додавајќи: „Добро, за мене и не е толку страшно, јас сум веќе 62-годишен, мене тоа не ме загрижува премногу, туку колегите. Тие имаат семејства, мораат се’ да платат, становите, другите работи. Тоа ме загрижува“.

Најголем работодавач таму е производителот на автомобили Сеат. Тој вработува 10 илјади луѓе и плаќа најмногу данок во регионот. Но, најголем дел од даночните приходи оди во централната влада во Мадрид, која со тие пари ги пополнува дупките во државната благајна, наместо парите повторно да ги инвестира во регионот. ГрадоначалникотСалвадор Естеве и Фигерас се лути:

„Не може да се постапува толку неправедно, толку многу пари од нашите даноци да одат во Мадрид и да не се враќаат во Каталонија вложени во услужни дејности и инфраструктура“.

Flash-Galerie Sagrada Familia Barcelona Spanien

Кризата е видлива, барем во градежништвото

Демонстративен оптимизам

Се враќаме во Фрешенет. Туристите ги разгледуваат производните погони. Шпанското претпријатие се обидува да се обезбеди против кризата. Мотото гласи: експанзија.

„Мислам дека иднината сосема јасно е во огромните пазари во Кина или Бразил. Луѓето таму уште воопшто ни не знаат за нашата кава, нашиот сект. И, ова важи не само за нашата фирма“, проценува Хавиер Флорес Бенитес.