1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кастро, привремено не е претседател на Куба

Кубанскиот претседател Фидел Кастро му ја предаде привремено власта на помалиот брат Раул, бидејќи замина на операција.

Ќе се врати ли на функцијата?

Ќе се врати ли на функцијата?

Не се соопштени детали за каква интервенција се работи, но кубанската телевизија соопшти дека тој треба да се опорави за неколку недели. 79 годишниот кубански претседател во последниве години неколкупати имаше сериозни здравствени проблеми, но секогаш одново по боледувањето се појавуваше на телевизија за да докаже дека е здрав и способен да ја води државата.

Неговиот 75 годишен брат Раул е актуелен министер за одбрана во земјата и тој сега ќе ја води земјата до опоравувањето на Фидел.

Кога оваа вест дојде до стотиците илјади Кубанци кои живеат во егзил во Америка, тие не ја криеа радоста. Агенциите јавуваат дека во областа Мала Хавана во Мајами каде се населени Кубанците, се танцува по улиците, колони возила свират и веат знамиња, а имало и огномет. Во Флорида инаку живеат околу 650 000 Кубанци кои успеале да избегаат од режимот на Кастро кој е на чело на државата од 1959 година по револуцијата на карипскиот остров. Сите тие го чекаат крајот на режимот на Кастро за да може да се вратат во родената земја.