1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кастро „привремено„ без власт

Покрај северно-корејскиот диктатор Ким Јонг Ил, кубанскиот претседател Фидел Кастро е единствениот комунистички властодржец кој го преживеа времето на промени од крајот на 80-десттите и во почетокот на 90-сеттите години. Вчера, сепак, по акутно заболување ги предаде на „неопределно време„ сите негови функции:

Браќата Кастро во дебата:Раул и Фидел

Браќата Кастро во дебата:Раул и Фидел

Фидел Кастро ги префрли сите државни функции врз пет години помладиот брад Раул – „привремено„. Можно е во наредните недели повторно да ги преземе своите должности. Ова обајснување преку кубанското радио и телевизија го соопшти приватниот секретар на Кастро, Карлос Валенсијага:

„Ја делегирам, привремено, мојата функција како командант на револуционерните воени сили врз другарот министер за одбрана раул Кастро Руиз„.

Фиел Кастро, според официјалното коминике, во последните недели премногу работел:

„Поради големите напори на средбата со латинско-американските претседатели во аргентинскиот град Кордоба, при посетата на Алтаграсија, родното место на Че Гевара, и на крајот учеството на одбележуавњето на јубилејот на почетокот на оружената револуција на 26 јули, како и поради деноноќната работа со малку спиење, дојде до екстремен стрес што предизвика крварење во цревата. Затоа мораше да биде преземен компликуван хируршки зафат„.

Веста во латинско-американската јавност беше примена многу различно. Во САД повеќе стотици Кубанци во егзил вчера славеа:„да живее слободна Куба„ скандираа во Мајами на Флорида и мафтаа со кубански знамиња. Во самата Куба можат да се видат загрижени лица, додека од официјална страна смирувачки тонови како да станува збор за ситница кај 79-годишниот Кастро.

Фидел Кастро вчера бил опериран од акутно крварење во цревата. За актуелната здравствена состојба официјално ништо не може да се дознае. За време на последниот јавен настап по повод годишнината од револуцијата, Кастро се уште делуваше свежо и дури говореше повеќе од два часа. Остро ја осуди американската влада која пред неколку недели зборуваше за периодот по него. Со оглед на фактот што на Куба има многу 100-годишници, уште и се шегуваше:

„Нашите мили соседи од Север не треба да страхуваат. Нема да останам на функција до својата стота„.

Ова е првпат од кубанската револуција во 1959 година Фидел Кастро привремено да се откаже до власта и непосредно пред неговиот 80-десетти роденден. Претходно планираното славје за 13 август е откажано.