1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Каспаров ослободен по демонстрациите за Пуси Рајот

Рускиот опозиционер и поранешен светски првак во шах Гари Каспаров е ослободен од обвинувањето дека организирал илегални протести за време на процесот против женскиот панк-бенд Пуси Рајот.

Судот во Москва смета дека нема доволно докази оти биле прекршени законските правила за демонстрации. Набљудувачите се изненадени од ваквата одлука на судот. Познатиот противник на Владимир Путин пред една недела беше уапсен на собир за поддршка на членовите на групата Пуси Рајот во Москва. Гари Каспаров, заедно со други демонстранти, беше однесен од местото на протестите во полициско возило.

По одлуката на судот Каспаров изјави дека судиите сметале оти изјавите на

сведоци што ги презентирала полицијата не биле доволни. Според него, тоа што еден руски судија и‘ се „спротивставил“ на униформираната полиција е „историски“. Доколку беше прогласен за виновен, на Каспаров му се закануваше висока парична казна или до 15 дена затвор. Во врска со демонстрациите, меѓутоа, на Каспаров му се заканува уште еден судски процес. Еден полицаец го обвинува поранешниот светски првак во шах дека го гризнал за раката во момент кога камерите тоа не го снимале. Доколку се покаже дека е така, Каспаров е соочен со затворска казна во траење до пет години.

Минатата недела три членки на панк-групата Пуси Рајот беа осудени на затворски казни од две години, откако беа прогласени за виновни за хулиганство и поттикнување религиозна омраза.