1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Касетните бомби и официјално забранети

Стотина држави потпишаа Договор за забранување на касетните бомби. Од какво значење е тој за светот и зошто овие бомби се сметаат за посебно нехумани?

default

Демонтирање на касетна бомба

На листата од околу сто земји коишто го потпишаа Договорот за забрана на касетните бомби, не се наоѓаат некои од најважните производители и употребувачи на овој вид бомби, како САД, Русија и Израел. Касетните бомби важат за посебно подмолни и многу опасни за цивилите. Затоа на Договорот се гледа како приближување кон моментот кога ваквите бомби ќе бидат забранети секаде во светот.

Многубројни невладини организации го поздравија овој чекор.

Bomblett

Околу 40% од бомбите не експлодираат веднаш

„Ова е многу голем пробив од хуманитарна природа што го направи меѓународната заедница. Овој вид оружје се забранува поради неговите лоши долготрајни последици“ - изјави Ули Анкен од хуманитарната организација „Хендикеп интернешнал.“

Голем дел од бомбите не експлодираат веднаш

Касетните бомби можат да се фрлат од авион, или, пак, да бидат истрелани од копно. Една касетна бомба содржи и до 1000 помали бомби. Најголемата опасност при нивната употреба е што околу 40 проценти од нив не експлодираат веднаш. „Тоа значи дека од 1000 бомби, 400 не експлодираат. Подоцна, кога цивилите се враќаат кон своите домови, или кога сакаат да го обработуваат земјиштето, постои голема опасност да нагазат на некоја од овие преостанати бомби и да настрадаат од експлозијата“, вели Доминик Лој од меѓународниот комитет на Црвениот крст.

100.000 жртви годишно

Од податоците со кои располага „Хендикеп интернешнал“ произлегува дека годишно 13.000 лица се жртви на касетните бомби.

Irakischer Junge, Opfer von Streumunition

100.000 жртви годишно, како последица на касетните бомби

Експертите сметаат дека вистинската бројка не е помала од 100.000 жртви годишно. Со договорот, земјите-потписнички се обврзуваат да им помогнат и на настраданите од овие бомби.

Договорот веќе дејствува

По завршувањето на Втората светска војна, касетните бомби беа употребени во најмалку 25 други воени конфликти, меѓу кои и во последниот во Грузија, ова лето. Американците, Русите и Кинезите не сакаат да го потпишат договорот од Осло. Меѓутоа, искуството од договорот од Отава за забрана на нагазните мини покажува дека ваков документ може да изврши притисок и врз самите САД, иако го немаат потпишано договорот. Уште поинтересен е фактот што, иако договорот се` уште не беше потпишан, руската армија се обиде да ја прикрие употребата на касетни бомби во конфликтот во Грузија, вели Ули Анкен од „Хендикеп интернешнал.“

Германија произведува, но сепак ќе го потпише Договорот

Според информациите на оваа организација, многу држави во светот се` уште поседуваат ваков вид бомби. Дваесет и осум земји, пак, оваа година произведуваа ваква муниција. Меѓу нив е и Германија. А Германија е и меѓу 14-те земји во светот, кои од почетокот на 50-те години извезуваат касетни бомби. Владата, во секој случај, најави дека ќе го потпише договорот од Осло.