1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Касетата полни 50 години

Таа се појави во 1963 година. Првичната намена и' беше - на неа да се меморира она што се снима на апаратите за диктирање. Музичките фанови меѓутоа почнаа да ја користат за снимање на музички нумери од радио емисиите.

Пред 50 години за првпат можеа да се купат музички касети. А кој израснал со нив, ја знае и драмата со истегнатите ленти.

Во 1963 година беше презентиран и соодветниот рекордер. Всушност касетата беше измислена како медиум за меморирање за апаратите за диктирање. Музичките фанови меѓутоа ја користеа за снимање на музички нумери. Реагираа и фирмите за плочи.

Bildergalerie Tonträger Ghettoblaster mit Bandsalat Kassettenrekorder Radio

Извлечените ленти лутеа многумина

Од 1965 година веќе се продаваа снимени касети. Посебно омилени беа касетите на германската фирма БАСФ.

„Да, БАСФ Макси-музика. Забава, шлагери, со џез и се разбира исто и со класика.“ - вели еден соработник на фирмата во Рекламен филм за БАСФ од 1971 година.

Со микрофон на рекордерот на неа можеше да се сними се' што ќе се посакаше.

„Лесен, компактен, згоден за ракувањеа, јас сум сопствен музички уредник и насекаде попат можам да слушам што сакам“, истакнува Томас Кошел од Технозеум Манхајм.

Уште попрактично слушањето музика стана во 1979 со откривањето на Вокменот. Сега со касетата насекаде можеше да се слуша музика.

Bildergalerie Tonträger Sony Sports Walkman

Вокменот и донесе на касетата светска слава

Малиот апарат за попат, што го пронајде „Сони“, и‘ донесе на касетата дефинитивно светска слава. Само во Германија годишно се продаваа до 80 милиони парчиња. Впрочем секој во секој момент сакаше да слуша музика. И покрај можните оштетувања на слухот - оној кој во 80-тите имаше Вокмен, беш кул.

Касетата нудеше и простор за уметничко изразување и остави белег врз љубовниот живот на многу генерации. На личната касета со мешана музика и самоизработено пакување се работеше со часови. А кога таа ќе му се предадеше на избраникот или избраничката, беше специфичен момент.

„Бевме во едно кафуле, тој отиде во тоалетот и јас едноставно му ја ставив касетата во џебот од јакната и се разбира морав да се воздржам за да не се издадам“, раскажува Дорис Хаберкорн, фан на касети со мешана музика.

Конечно, изборот на песните беше многу повеќе отколку само израз на сопствениот музички вкус. „Мислам дека тоа е и обид што е можно пократко и попрецизно да се каже тоа сум јас и тоа е мојата музика... и можеш ли некако да го прифатиш тоа?“

Musik Tonträger Schallplatte CD und Musikkasette

ЦД-та ги испратија касетите во историјата?!

Но, на почетокот на оваа столетие касетата беше потисната од компакт-дисковите. Во 2010 година целосно е прекинато производството на касети.

Михаел Бартел од специјализирана продавница за електро уреди подвлекува:

„Касетите всушност се купуваат само уште од семејства или татковци, кои за своите деца, онаму каде во детските соби се' уште се наоѓа рекордер за касети, сакаат да снимат нешто и да слушаат - инаку веќе не постои побарувачка, во нашиот асортиман имаме само уште мал фонд“.

Значи ако децата денес уште слушаат касети, тогаш затоа што нивните родители израснале со нив.

Фолклористот од Универзитетот Хамбург Герит Херлин пак истакнува: „На касетите мислам се меморираат некаде и сеќавањата и преку овие објекти овие сеќавања повторно оживуваат. Тоа веќе се потврди. Значи, касетите и ако на пример веќе не се слушаат, по правило не се фрлаат, туку се чуваат, како што се чуваат писма или фото албуми“.

Да, добрата стара касета. Многу генерации израснаа со неа и никогаш нема да ја заборават.