1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Карневал на културите

Карневалот на културите во Берлин што годинава го слави десттиот роденден, се приближува кон традицијата на поновите карневали во Европа, слични на оние во Нотинген Хил во Лондон, или ротердамскиот летен карневал. Со голем број националности и широк спектар нивни учесници, сепак берлинскиот е единствен. На карневалот, кој завршува денеска (16.05.05 понеделник) учествуваат околу 4 ипол илјади од 80 држави.

„Овој карневал на културите не е увезен во Берлин, туку го создадоа луѓето од градот кои ги презентираат нивната музика, танци и култура„, вели Марилуиз Бек, одговорна за миграција во сојузната влада и покровител на оваа манифестација.

Овој фестифал всушност го покажува шаренилото на Берлин кое не е поврзано со никаква идеологија, туку е отворено со она што го држи градот заедно, кои се неговите граѓани: етничка многустраност, културно и верски мешано, вели Бек. Таа на карневалот гледа и како на можност за дијалог на различните култури:

„Посакувам овој пристап кон многустраноста да придонесе и за малку боја во општествените и политичките дебати и тоа не само со триумф, туку да се погледаат и неговите потешки страни„.

Организатор на карневалот е „Работилницата на култури„ отворена во 1993 година. Андреас Фојденберг, нејзин шеф, од почетокот е вклучен во карневалот:

„За нас, иницијаторите, овие 10 години се само половина од патот на нашата сопствена визија. Од почетокот рековме дека би сакале карневалот на културите да живее во градот најмалку една генерација. Сакаме да доживееме децата да станат млади за да го посматраат од различни перспективи. Тоа би обезбедило прифаќање на многустраноста, доверба во неа и вкоренет аспект на нашиот културен живот„.

Анет Шабо, коорганизаторка, вели:

„За 24 групи овој карневал е премиера. Никогаш досега не биле во Берлин. Најголемиот дел доаѓаат од градот, но постојано доаѓаат групи од нови држави, значи групи кои ја презентираат својата култура. Годинава новост е традиционалната музика и претстави од западна Африка„.

Шабо вели дека посебно радува одушевувањето на децата и младите и неговата многустраност: од реге до традиционална музика и се што се наоѓа помеѓу.

Карневалот во Берлин, патем е прифатен како предизвик и за студентите по уметност, архитектура и дизајн, за сценографите и костимографите, за независните театарски групи и за уметничките проекти. Сето ова на крајот го крунисува признанието што го доделува жирито.