1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Карневалот на Рајна доживеа кулминација

Со големите поворки за денешниот Розенмонтаг, во Келн, Бон, Ахен, Мајнц и Диселдорф кареневалот во рајнсјката област доживува кулминација. Точно во 11 часот и единаесет минути поворките го почнаа својот марш. Главни теми на кои се забавуваат карневалистете во рајснаката област се кралот фудбал и политиката.

Карневал во Келн

Карневал во Келн

Повеќе од два милиона, опуштени и костумирани карневалисти ги следеа случувањата во центрите на градовите. Од колите на поворките за Розенмонтаг се врлаат најразлични слатаки, тони гумени бомбони и чоколади, а луѓето кои го слават карневалот танцуваат и потпевнуваат карневалски песни, и покрај снегот кој овдека паѓа од утрнава.

Престојното светско фудбалско првенство кое на лето треба да се оддржи во Германија, во Келн и Бон, беше мотивација за карневалистите но и покрај огромниот број преправен фудбалери, годинава фудбалот беше инсцпирација и за карленавлското мото кое во Келн гласи: „Карневалски фудбалски натпревар„, а „Бон пак го бакнува светот“.

Но на стотиците карнавлски возила во поворките не изостанува ниту политиката како тема. Особено омилен, годинава е ликот на новата германска канцеларка Ангела Меркел, па така што по улиците може да се видат голем број кукли, на кој се преознава ликот на канцеларката.

За многумина карневалот е славје но сепак за повеќе од 70 возачи на автомобили, крајот на карневалот односно среда пепелница, дојде прерано, и тоа токму во зенитото на славјето. Имено и покрај најавената засилена сообраќајна контрола на патиштата повеќе од 70 пијани возачи во Источна Вестфалија, мораа да бидат повлечени од сообраќај.

Но карневалот не се слави само во Германија. Во јужноамерикански ритам во Венеција се порславуваат последните денови од традиционалниот карневал. Под мотото „Ноќ на аргентинско танго“, танчерки и танчери како и Ди Џеи од Буенос Аирес ги загреваат карневалистите на Канал Гранде. Со Самба паради пак синоќа во Рио де Жанеиро почна кулминацијата на бразилскиот карневал.