1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Карневалот и’ носи профит на Струмица

Струмица деновиве живее за и од карневалот. Освен презентација и популаризација на овој убав македонски град, карневалот на Струмица и носи и економски профит. Годинава се очекува приход и до еден милион евра.

default

„Традицијата и афирмацијата на Струмица, а со тоа и на Македонија е од многу големо значење, но сигурно и економскиот бенифит не е занемарлив и е многу значаен и драгоцен за нашето струмичко стопанство“, изјави за Дојче веле Зоран Заев, градоначалник на Општина Струмица, која е организатор на карневалот. Општината лани вложила дваипол, а годинава три милиони денари. „На пример минатата година во само пет дена имавме промет од околу 800 илјади евра, а оваа година очекуваме еден милион евра да поминеме. Зошто? Заради тоа што понудивме еден многу поголем концепт за сите овие карневалски манифестации. Овие бенифити економски коишто ги зборувам директно влегуваат во угостителските објекти, во хотелите, баровите, кафиќите и во сите оние што широко ги отвораат вратите за сите посетители. Оваа година очекуваме вкупно над 30 илјади посетители надвор од Струмица тоа значи од другите градови на Македонија и насекаде од светот“.

Sozialdemokraten, Kongress in Mazedonien

Зоран Заев, градоначалник на Струмица

За наредната година во план е да биде подготвена поголема туристичка понуда, во која би била вклучена посета на бројните природни и културно - историски знаменитости во Струмица. И еден ден повеќе престој од страна на туристите е значаен економски бенифит за општината, заклучува струмичкиот градоначалник. „Ние сме централно поставени помеѓу Скопје, Софија и Солун и заради тоа се надеваме ќе се случи и толку посакуваниот аеродром во Струмица. Ќе биде наменет за карго потреби за нашето земјоделство и за патничкиот транспорт, заради тоа што навистина е потреба за граѓаните од југоисточна Македонија, од северна Грција и од југозападниот дел на Бугарија. Досега имаме одлична патна инфраструктура која во последните години е и подобрена и тенденција ни е се разбира со уште поголемо темпо да се подобри“, вели Заев.

Хотелите, рестораните, кафетериите, ноќните барови и дискотеки со зголемен профит за карнавалот

Само во Струмица има четири хотели или заедно со струмичко околу 30, како и рекордни 300 угостителски објекти ресторани, кафитерии, ноќни барови, дискотеки и слично. Кафебарот со кабаре „Селект“ е во строгиот центар

Strumica, Mazedonien

Струмица

на Струмица. Поради гостувањето на големиот број ѕвезди од естрадата, како бројни диџеи и танчерки преполн е со гости во текот на целата година, а посебно за карневалот. Неда Бјадова е еден главните организатори за незаборавните забави во „Селект“. „Се трудиме програмата да биде подобрена. Започнува викенд програма заедно со бирање најдобра маска во недела вечер, непосредно пред главната вечер на Струмичкиот карневал, кој се одржува во вторник. На самиот ден после завршувањето на карневалската фешта, која дефилира низ градот, кај нас потоа се случува надалеку прочуената и најдобра журка во Македонија. Овие денови зголемен е бројот на посетители и со тоа на тој начин зголемен е и профитот на самиот локал, можеби некаде од 20 %“.

Струмичките хотели преполни со гости, се бара легло плус

Хотел „Илинден“ деновиве, за време на карневалот, е преполн со гости. „Да имаме и уште соби се’ ќе биде полно, а таква е состојбата и во другите хотели во градот и околината“, изјави Георги Поцков, шеф на рецепција во Хотел „Илинден“. „Се е резервирано однапред. Имаме гости од Србија, Франција, Хрватска, Црна Гора, затоа имаме и поголем приход тие денови, кога се чувствува раздвиженост во градот. Во секој случај тие три-четири дена сме максимално исполнети, сите места, се’ е пополнето, има многу голем интерес така што да има и уште повеќе соби би биле пополнети“.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Александра Трајковска