1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Карневалот е и бизнис

Пиво за „лудите„, слатки за масата по улиците и костуми за оние што еднаш сакаат да бидат во кожата на некој друг. До среда пепелница во Келн, Диселдорф и околината ќе се слави. За тоа ќе мора и добор да се плати.

default

Малку кој се воздржува да плати кога станува збор за карневалски костум

Оној што во изминатите денови влегуваше во продавниците за карневалски реквизити ќе забелеше: во големите карневалски продавници во Германија се туркаа „лудите“ низ плиш, костуми и перики во потрага по соодветна опрема.

Во неделите пред Розенмонтаг таму дневно влегуваат околу 15 илјади муштерии. Карневалска облека има веќе за 5,95 евра, но рајнските карневалисти даваат многу повеќе за своите костуми:

„Колку давам? Околу 40 евра“.

„Јас се обидувам да си поминам со 30 евра за секого, а ние сме тројца.“

„Јас и мојата пријателка ќе се облечеме како ѓаволи со крилца. Мислам дека чинат по 50 евра.“

Карневалистите не штедат за облеката, костимите и опремата

Се проценува дека индустријата за играчки на тој начин остварува профит од 300 милиони евра, со угорна тенденција.

Clowns im Karneval

Кловнови на карневал

Франк Шредер, шеф на карневалскиот бизнис, објаснува зошто:

„Карневалџиите се емотивни муштерии. Келнчани не се воздржуваат за карневалот, зашто тука тоа е еден вид религија. Тоа тука е искучително ценет празник.“

Освен костумите, за време на карневалот, производ број еден се слатките. На Розенмонтаг од карневалската колона во масата луѓе во публиката ќе бидат исфрлени 150 тони колачиња, бомбони и чоколади. Во соседниот град Диселдорф – 60 тони.

Карневалот не носи големи добивки за гостилниците

Какво економско значење има карневалот за браншата објаснува Торбен Ербрат, портпарол на германската индустрија за слатки:

„Нашата индустрија е сезонска и затоа се брои секоја сезона. Карневалите не претставуваат ниту еден процент од вкупниот промет. Божик и Велигден се далеку понапред. Постојат конкретни фирми кои се специјализирани само за карневалите и за нив сезоната карневали е многу важна. Одделни фирми постигнуваат до 50 проценти од прометот.“

Слично како за индустријата на слатки, карневалите не им донесуваат посебно голем плус на кафеаните и рестораните. Според информациите на германскиот сојуз на карневалите, од ноември до февруари се обезбедуваат 12 илјади дополнителни работни места. Најголемиот број сезонски работници се вклучени во гастрономијата, посебно во центрите на Келн и Диселдорф, каде што се концентрираат карневалџиите. Тука прометот достигнува зенит. Кафеаните надвор од центарот страдаат – таму малку кој доаѓа во тие денови.

Карневалот во Келн привлечен и за странци

Deutschland Köln Karneval Rote Funken

И ѕвездите доаѓаат на карневал

Сличното е и во хотелиерството: додека во Келн бројот ноќевања во тие денови расте за 20 проценти, во Диселдорф не се забележува никаков плус, но тука, иако карневалот е голем, сепак останува регионална манифестација, за разлика од Келн каде што доаѓаат и луѓе однадвор и многу странци. На Роземонтаг околу милион ипол посетители.

Од странство првенствено доаѓат Белгијци, Французи и Холанѓани. Во целата сезона Келн има добивка од 330 милиони евра. Од нив околу 8 милиони се враќаат во градската каса. Шефот на туристичката бранша на Келн, Јозеф Зомер е мошне задоволен:

„Карневалот е благослов за градот зашто во буквалната смила на зборот е петтото годишно време. Дополнителен бизнис што не се случува на друго место„.