1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Карневали во Струмица и Прилеп

Во двочасовното дефиле на над 3.000 маскирани луѓе синоќа Струмица наликуваше на карневалот во Рио, оценува македонската агенција МИА. На карневалската поворка продефилираа 30 групи од карневалски градови од соседството.

Учество во карневалската поворка зедоа над 600 луѓе, како дел од карневалските групи. Организаторите се повеќе од задоволни. На плоштадот „Гоце Делчев“, каде изобилуваа боите на маските и музиката, се зборуваше на јазикот на карневалот.

Karneval in Strumica, Mazedonien

Маскирани учеснички на струмичкиот карневал како танчарки од Мулен руж

По традиција и годинава во друштвото на големата трибина беше и претседателот на асоцијацијата на Европските карневалски градови Хенри Ван Дер Крон, кој на гостите од соседна Албанија им подари златен медал за маската „Влез во Европа“.

Златни медали добија и Ристо Багашевски, за неговиот 20. настап на Струмичкиот карневал, како и карневалските групи „Ѕвезден град“ и „Мулен руж“. И годинава доминираа карневалските групи од над 50 маскирани лица во разни бои, костими и маски, во кои преовладуваше современата тематика, што на карневалот му даде белег на светска манифестација.

Првпат во карневалското жири има и 10 претставници од учесниците. Оценките на сите членови од жирито јавно ќе бидат отворени, а најдобрите наградите ќе ги добијат по карневалската поворка во вторник.

Karneval in Strumica, Mazedonien

Шестотини маскирани учесници беа дел од карневалската поворка во Струмица

Според проценките на организаторите, синоќа во Стумица имало околу 30.000 гости, кои карневалската вечер ја поминаа во локалите и кафулињата. На плоштадот „Гоце Делчев“ денеска се одржува традиционалниот „Детски карневал“, каде дефилираат најмладите од детските градинки и училишта во Струмица.

13-ти меѓународен карневал „Прочка“ во Прилеп

Млади и стари „прочкари“ уште од изутрина, според традицијата, маскирани се веќе на улиците. Групните и поединечни маски од рано изутрината се подготвуваа за големото пладневно дефиле во рамки на 13 меѓународен карневал „Прочка 2013“. Во Прилеп има бројни домашни и гости од странство, кои сакаат да ги видат маскираните и познатите прилепски мечкари. Мечкарите, заедно со гостите од Воден, Грција, уште од зори го подготвуваат изненадувањето - заедничката маска.

Според организаторите, локалната самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“, денеска се очекуваат околу 3.000 маскирани лица. Стручна жири-комисија ќе ги оценува и ќе ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски.

Karneval in Strumica, Mazedonien

Маска Мечкари

Најавени се гости од сите карневалски градови од земјава, како и од Корча-Албанија, Шабац, Лесковац, Нови Сад, Врњачка Бања, Бања Ковиљача, сите од Србија, потоа четири групи од Хрватска, од кои две се од Брач и по една од Лудбрег и Риека, како и од Разлог, Бугарија, а за првпат учество ќе земат и групи од Птуј,Словенија и од Воден, Грција.

Во текот на вчерашниот ден парадираа мажоретките, жонглерите, пантомимичарите. Синоќа беше весело во кафулињата и во рестораните, а уште повесело ќе биде вечер на заедничката карневалска забава во градот.