1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Карневалите и политиката - непријателски сојузници

Пред 200 години карневалистите се потсмеваа со моќниците. Наполеон отишол предалеку, па ги забранил нивните собири. Денес карневалските клубови мораат да се борат против други противници.

Оваа година германската канцеларка Ангела Меркел на традиционалната карневалска понеделичка поворка ќе биде претставена како фрла многу мали прасиња, кои на грбот имаат знамиња на ЕУ-земјите со финансиски проблеми. Сојузниот министер Ханс-Петер Фридрих ќе биде претставен како седи на тоалет во кој експлодира бомба од неонацисти. Притоа грубо стои: „Газот горе!“

Karneval Flash-Galerie

Се избегнуваат маски кои се однесуваат на црквата или религијата

Политиката на карневалот ќе се критикува и независно од личностите, носители на некоја функција. Гулабот на мирот на Нобеловата награда, која и беше доделена на ЕУ, седи на кутии со оружје, кои се подготвени за извоз. Една швајцарска крава, пак, ќе јаде евра од Германија, а од задникот ќе и’ излегуваат ЦД-а од швајцарските банки со податоци за германските затајувачи на данок.

Тоа е краткиот преглед од она што ќе се случува во карневалските центри Келн, Диселдорф и Мајнц, односно во карневалските паради со т.н. тематски возила. Со недели се создаваа комплексни фигури од хартија и жици. Актуелните политичари често се претставени во гротескни ситуации.

Избегнување на можниот гнев

Сепак, мотивите на возилата остануваат тајна до почетокот на парадите. Никој не смее претходно да прави фотографии. Целта е да се поттикне љубопитноста и да се привлечат колку што е можно повеќе гледачи, бидејќи уличниот карневал носи милиони во економијата. Организаторите сакаат и да избегнат правно приговарање за маските.

„Такви судски процеси има и натаму“, потврдува Кај-Уве Шрајбер, кој како член на карневалскиот клуб од Мајнц организира паради. Адвокатите повеќепати се појавувале во халите за декорирање на возилата и се заканувале со правни санкции и барале менување на мотивите на маските. Но, до сега такво нешто не се случило.

Голема лутина му предизвикаа карневалистите од Диселдорф на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Поради скандалот со партиските донации, тие сакаа на карневалот во 2000 година да го претстават канцеларот како жител на „банана република“, односно полугол Индијанец од прашума. Под здолништето од лисја тие имаа ставено мал пенис, кој го сокриваа со саксија со палма, за да ги омекнат критиките.

Karneval 2010 Motivwagen Die Linke

Маска која ги исмеваше германските левичари на карневалот во Диселдорф во 2010 година

Скротен критицизам

Да се критикува политиката продолжува да биде престижна работа на карневалите. „Тоа политичарите мораат да го издржат“, вели организаторот на поворката во Мајнц, Кај-Уве Шрајбер. Но, теми како религијата или црквата сега тешко се застапени, поради тоа што можат веднаш да предизвикаат протести. „Ние се обидуваме да избегнеме големи скандали“, додава Шрајбер.

„Ние сакаме да практикуваме само шеговита критика, но дефинитивно не и лични навреди“, нагласува Зигрид Кребс од Организацискиот комитет на карневалот во Келн.

„Ние не правиме нешто што не е вистина и што навредува“, вели Јирген Диц, кој од пред 30 години учествува на карневалските собири во големите сали. „Ако некој остане фер треба малку и да боцка“, додава карневалистот.

Политичарите, посебно локалните, но и владините, па и премиерите, сакаат да се појавуваат на карневалите, бидејќи таму се испраќаат и рекламни пораки. Карневалските настани се платформа за средби во релаксирана атмосфера.