1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Карневалисти на богослужба

Во рајнската област во тек се подготовките за уличниот карневал, кој секоја година завршува кога почнува Велигденскиот пост. Историјата вели дека карневалот и црквата се надополнувале уште во средниот век.

Не грижете се, седете мирно. Ова не се пречки во сликата, со вашиот телевизор е сѐ в ред. Овде само се судираат два света - карневалот доаѓа в црква и црквата го пречекува карневалот.

Идејата за тоа е негова, на католичкиот свештеник од главната црква во Дудерштат. „Ако стрелачки здруженија и ловци имаат своја богослужба, зошто не и карневалски здруженија! И радоста е дел од црквата“.

На оваа боголужба присуствуваат и „Ајхсфелдер јекен“ - карневалистите од Ајхсфелд. Тие во црквата Санкт Киријакус покажуваат што умеат.

Но... оди ли мини здолништа пред олтар? Не е ли тоа без пиетет кон црквата?

„За мене не е така. Секогаш мора да се смета дека некој поинаку сфаќа, но со тој ризик мора да се живее. Сметам дека нашите здруженија спаѓаат во црквата поради тоа што луѓето се чувствуваат поврзани со неа. Тие се христијани, па според тоа припаѓаат овде“, вели свештеникот.

Deutschland Karneval Kirche Köln Karnevalisten im Kölner Dom

Карневалисти во катедралата во Келн

Историјата вели дека карнавелот и црквата се надополнувале уште во средниот век. „Карневалот отсекогаш припаѓал кон црквата. Зашто без нас, односно без црквата, се разбира нема ни карневал. Без нашето карневалство, пак, не би имале соодветен вовед во постот, кој не подготвува за Велигден“, истакнува еден карневалист.

Така дојде до спој на карневалистите во црвено-бело руво со ѓаконите во бело-црвени наметки. Дури ни собирањето прилози за време на мисата овој пат не е како вообичаено. Во корпата се наоѓа и по некое шишенце ракија.

Богослужбата траеше еден час и помина како времето да летна. Што мислат за карневалот в црква другите посетители на мисата?

„Еднаш и нешто поинакво. Зошто да не? Сметам дека е изворедно.“

„Супер. Конечно нешто ново во црквата“.

„Ова е неповторливо“.

„И со танцот беше добро. Добро ќе е и ако в година има карнавалски говор како проповед.

„Бевме изненадени. Пријатно изненадени.

Значи ... за оваа сезона карневалистите имаат благослов.