1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Карлос Сантана на гости во Скопје

Славниот Карлос Сантана синоќа ги почести со своето присуство граѓаните на Скопје. На Градскиот стадион еден од најдобрите гитаристи на сите времиња одржа голем концерт пред околу 15.000 посетители од земјата и регионот.

default

Годините не му пречат на мајсторот: Карлос Сантана на концерт

Во дологогодишната кариера Сантана настапувал пред повеќе од 100 милиона луѓе, а продадени се и 90 милиони примероци од неговите албуми. На вечната листа на 100 најдобри гитаристи на светот, Карлос Сантана го зазема ласкавото 15 место.