1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Карловата награда за Солана

Шефот на европската дипломатија Хавиер Солана, денеска ја добива Карловата награда на градот Ахен, со што ќе бидат удостоени неговите мировни напори во Европа и светот. За работата на Солана ќе зборува минатогодишниот добитник на оваа престижна награда, премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер. На свеченоста присуствуваат и шпанскиот крал Хуан Карлос, неговата сопруга Софија, како и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер.