1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Карла дел Понте - една жена го поларизира Блискиот Исток

Порано ги гонеше мафијашите, а потоа воените злосторници. Сега поранешната главна обвинителка од ОН ќе ја зајакнува Истражната комисија на ОН и ќе ги испитува прекршувањата на човековите права во Сирија.

Најголемиот момент во животот на Карла дел Понте истовремено беше и историски за меѓународното кривично право. На 12.02.2002 година тогаш 55-годишната швајцарска правничка го отвори процесот против Слободан Милошевиќ пред Трибуналот за злосторствата извршени во поранешна Југославија. Обвинението беше - воени злосторства, геноцид и злосторства против човештвото извршени во време на југословенските војни во 90-те години. Тоа беше првпат поранешен шеф на држава да се појави пред меѓународен суд за злосторства извршени во време на неговата власт.

Симбол за функционална правда

Како главна обвинителка Карла дел Понте објави: „Овој трибунал и особено овој процес се моќен доказ дека никој не може да се стави над правдата и да ја одмине“.

Карла дел Понте стана симбол за кривичното право, кое не се задржува во национални рамки и воените и државните воени злосторници за делата против сопствениот народ ги изведува пред лицето над парвадата.

UN Kriegsverbrechertribunals in Den Haag u.a. Wolfgang Schomburg PANO

До 2003-та година Дел Понте беше на чело и на Трибуналот за Руанда. Кофи Анан беше тој кој ја донесе за главна обвинителка на двата трибунала. Таа потекнува од швајцарскиот кантон Тесин, каде се зборува италијански јазик.

„Таа ги докажа своите стручни способности“, ја пофали тој тогаш. „Таа покажа сила и решителност во работата во сопствената земја и има искуство во соработката со бројни обвинителства во други држави“.

Во лов на мафијашите заедно со Фалконе

Најважниот од овие прекугранични контакти секако беше Џовани Фалконе. Како обвинителка во Тесин, Карла дел Понте во 80-те години тесно соработуваше со италијанскиот ловец на мафијаши при откривањето на илегалниот трансфер на пари во Швајцарија. Таа во 1989. година за влакно избегна напад со експлозив при посетата на Фалконе во Палермо. Џовани Фалконе, кој во 1992. година загина во експлозија на автомобил-бомба, во својата швајцарска колешка гледаше „олицетворена упорност“.

Како швајцарска сојузна обвинителка Дел Понте од 1994. година продолжи да се бори против перењето пари и организираниот криминал на национално ниво - борбено, бестрашно и неподмитливо. Јута Лимбах, тогашна претседателка на германскиот Уставен суд, вака го формулираше тоа при доделувањето на наградата Теодор-Ванер на Дел Понте во 2010-та година:

„Карактериристиките кои ја красат би му правеле чест и на еден ’алфа-мажјак’“.

„Сега сум на вистинската позиција“

Во Швајцарија Карла дел Понте немаше многу симпатии кај претставниците на моќното банкарско лоби, а ниту кај медиумите, зашто даваше налози за претрес на бироата и за прислушување на телефоните на новинарите. Нејизниот биланс како обвинител беше скромен, критикуваа швајцарските медиуми. Многу од спектакуларните обвинувања кои ги подигна, завршија без резултат. Швајцарија дефинитивно беше премала за Карла дел Понте, па таа беше преместена во Ден Хаг, што лично и‘ се допадна. „Сега сум на вистинската позиција“, изјави таа.

„Јас и воените злосторници“

Во 2007. година Дел Понте се откажа од своето обвинителско место и кратко пред да стапи на новата функција, швајцарски амбасадор во Аргентина, ги објави своите мемоари. Во заедничката книга со американскиот новинар и експерт за Балкан, Чак Судетиќ, таа зборуваше без влакна на јазикот. Швајцарското министерство за надворешни работи беше шокирано и и‘ изрече забрана. Критичарите на Дел Понте се окомија на насловот на италијанското оригинално издание: „Лов - јас и воените злосторници“.

Die Jagd. Ich und die Kriegsverbrecher. Buch von Carla del Ponte, die Ex-Chefanklägerin im Tribunal für Ex-Jugoslawien

Нејзините приврзеници напротив ја фалеа што ненашминкано прикажа како всушнсот функционира меѓународното кривично судство. Спротивно на сувите теории и иделаизираните коментари, политиката игра многу поголема улога отколку што се признава. Карла дел Понте е убедена: доколку меѓународната заедница и големите политички сили сакаат, за кратко време пред суд би се нашле сите воени злосторници.

Пензионерски денови во пекол?

Карла дел Понте за време на својот работен век се здоби со многу симпатизери, но и непријатели. Пред се‘ на Балканот. Кога во 2000-та година го замоли за службена помош тогашниот југословенски министер за правда Петар Јоциќ, од него доби во одговор 25 страници долго сакрастично писмо, адресирано до „гнасната курва Дел Понте“. На адресантката меѓу другото и‘ посакуваше „зол крај на животот“ и „пензионерски денови во пеколот“.

Дел Понте од неодамна е во пензија. Таа не криеше дека покрај играњето голф, бара и други предизвици. Како член на Истражната комисија на ОН за прекршувањата на човековите права во Сирија, Дел Понте си најде соодветна задача.