1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Карзаи смета дека САД стојат зад дел од „талибанските“ напади

Советник на авганистанскиот претседател вели оти Карзаи подготвил список на напади за кои се обвинети талибанците, а зад кои всушност стои Вашингтон.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја обвини американската армија дека ги поддржала и дури дека извршила дел од нападите, што им се припишувани на талибанците, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Весникот се повикува на советник во авганистанскиот претседател кој побарал анонимност, а според кого, Карзаи веќе неколку години составува список со бунтовнички напади зад кои всушност се крие Вашингтон. САД се вмешани во самоубиствениот напад од 17 јануари врз ресторан во Кабул, што бил посетуван од странци, во кој загинаа 21 лица, смета Карзаи.

„Карзаи и некои негови советници се сомневаат дека нападот бил извршен за да се одвлече вниманието од американскиот воздушен напад два дена претходно во провинцијата Парван, во кој беа убиени цивили“, пишува американскиот весник, цитирајќи го авганистанскиот функционер.

Целта на САД е да го ослабнат авганистанскиот претседател и да ја засилат нестабилноста во земјата, додека истекува рокот за завршување на мисијата на НАТО, смета изворот. Тој, меѓутоа, призна дека Карзаи не располага со конкретни докази за американското учество во нападите, за кои во поголем дел од случаите одговорност презедоа талибанците.