1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Карзаи – Меркел

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека германскиот концепт на комбинирана воена и цивилна помош за Авганистан е вистинската мешавина со која треб ада и се помогне на таа земја. По средбата со Меркел во Берлин, авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, ја поздрави германската мисија со авиони Торнадо на југот на Авганистан и рече дека за населението во Авганистан мисијата е психолошка гаранција за сопствената бебзедност. Пред разговорите со германската канцеларка, Карзаи од меѓународната заедница побара поголеми напори во создавањето и вооружувањето на безбедносните сили на неговата земја. За меѓународната заедница би било многу поевтино доколку се инвестира консеквентно во авганистанската полиција и армија. Трошоците за тоа се само една десетина од рошоците за меѓународните мисии во борбата против тероризмот, изјави Карзаи.