1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Карзаи избегна атентат

Талибански борци денеска во Кабул извршија напад врз претседателот на Авганистан Хамид Карзаи. Тој остана неповреден и веднаш беше префрлен на сигурно. Уапсени се неколкумина осомничени.

default

Карзаи го преживеа атентатот од Талибанците

Авганистанската телевизија денеска телевизија вршеше директен пренос од парадата на стадионот во стариот дел на Кабул. Се прославуваше 16-годишнината од победата на авганистанските востаници против советската армија, кога одеднаш се слушнаа истрели.

Напаѓачите отворија оган врз почесната трибина очигледно од калашникови. Очевидци јавуваат и за ракетни истрели. Телохранителите веднаш го пренесоа претседателот Карзаи со оклопно возило и зазедоа одбранбени позиции. Истрели се слушаа уште извесно време. Поканетите гости вднаш се засолнија, па сепак повеќемина авганистански пратеници биле ранети. Нешто подоцна државната телевизија емитуваше куса изјава на Карзаи. Тој повика на мир и изјави:

„Непријателите на Авганистан, непријателите на безбедноста и развојот се обидоа да ја нарушат церемонијата и да шират хаос и терор. За среќа, армијата бргу ги опколи и уапси неколкумина сомнителни. Фала му на Бога се е во ред, ве уверувам во тоа„.

Портпаролот на Талибанците, Забиулах Муџахид ја презеде одговорноста од името на исламистичките борци за нападот и изјави дека притоа како мачиници загинале шестмина Талибанци. Посматрачите во Кабул изјавата ја сметаат за веродостојна. Политичкиот посматрач и наследник на авганистанското кралско семејство, принцот Али Серај вели:

„Станува збор за публицитет. Сите беа таму: амбасадори, министри, претставници на Обединетите нации. Целата земја и светот гледаа. Напаѓачите сакаа на земјата и на светот да им покажат колку лесно можат да предизвикаат хаос во Авганистан кој извесно време се наоѓа во жалосна состојба„.

Според првите сознанија, напаѓачите се сокриле во разурнатите куќи во кабулскиот стар дел на градот, околу 300 метри од трибината. Сега во Кабул се поставува прашањето како можеле да дојдат толку блиску до манифестација толку многу обезбедувана? Напаѓачите очигледно биле облечени како војници, вели Серај:

„Тие носеа воени униформи. Дали се инфилтрирале во армијата, или само облекле униформи, не се знае. Меѓутоа, многу е тешко да се разликуваат луѓе во униформи, ако не се познаваат. Група во униформи може да го направи тоа што се случи денеска. Затоа безбедносните мерки и контроли мораа да бидат построги“, констатира Серај.