1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Карзаи го критикува НАТО за цивилните жртви во Авганистан

*

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи жестоко ги критикуваше трупите на НАТО во неговата земја. Тие се повеќе спроведуваат операции кои не се за доброто на Авганистан. Тоа повеќе нема да се толерира –истакна Карзаи кој побара од трупите на ИСАФ да воспостават поблиска соработја со домашната армија за да се избегнат цивилните жртви. Во меѓувреме НАТО изрази жалење поради смртта на 25 цивили при воздушен напад на силите на Алијансата во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хооп Шефер најави спроведување истрага за инцидентот. Тој истовремено ги обвини талибанските бунтовници во Авганистан дека ги злоупотребуваат цивилите како жив штит.