1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Карзаи ги иритира сојузниците

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи предизвикува немири кај западните сојузници. Тие стравуваат дека неговата влада може да им се приклучи на талибанците. Посебно иритирани се САД.

default

Хамид Карзаи

Хамид Карзаи отсекогаш беше тежок партнер за Западот. Но, неговиот најнов чекор како да ја прелева чашата. По засилениот притисок од страна на западните сојузници за конечно да преземе нешто против корупцијата во својата влада, Карзаи сега преминува на курс на конфронтација, заканувајќи се дека ќе им ја ускрати поддршката на трупите на НАТО во Авганистан.

Во интервју за БиБиСи Карзаи изјави дека западните земји се виновни за изборната измама на претседателските избори во Авганистан и дека тие мора да ја почитуваат сувереноста на земјата: „Ние сме сојузници, јас сакам да го продолжам партнерството со САД и останатите земји, во обостран интерес. Но, тие сите мора да разберат дека Авганистан е суверена држава, изјави авганистанскиот претседател.“

bundeswehr Afghanistan Kunduz NO-Flash

НАТО во Авганистан

На традиционалната средба во Кандахар со околу 1500 најстари претставници на племињата, на која учествуваше и командантот на американските и НАТО-силите во Авганистан, генерал Стенли Меккристал, Карзаи јавно се дистанцира од своите сојузници. Авганистан ќе стигне до својот мир само тогаш кога народот ќе биде убеден во независноста на владата, во тоа дека таа не е марионета.

Карзаи на најстарите племенски претставници им вети дека без нивна дозвола нема да биде извршена ниту офанзива против талибанците во Кандахар.

Вознемирувачки изјави

Изјавите се навистина вознемирувачки, оцени портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс. Изјавите на Карзаи се погрешни во основа. Американскиот претседател Барак Обама не ја откажа планираната средба со Хамид Карзаи за 12 мај. Обама сака и натаму да соработува со авганистанскиот претседател, зашто тој е избран шеф на државата.

Obama / Afghanistan / Karsai / Kabul

Претседателите Барак Обама и Хамид Карзаи

НАТО сака со планираната голема офанзива во регионот на Кандахар да предизвика пресврт во борбата против радикално исламистичките талибанци. САД испраќаат 30 илјади дополнителни војници во Хиндукуш. Од исходот на оваа акција според аналитичарите зависи и шансата за крај на војната во Авганистан.

Но, во земјата исчезнува поддршката за трупите на НАТО. Со зголемувањето на бројот цивилни жртви во воените акции, расте и отпорот на населението кон западните трупи.

Автор: ЖА/СН/дв/дпа/ртр/апн

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM