1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Карзаи во посета кај Буш

Во разговорите меѓу американскиот претседател Буш и авганистанскиот,Карзаи, главна тема ќе биде стратегијата пред растечкото насилство во Авганистан,киднапираните странци и производството на опиум.

default

Авганистанскиот претседател

Во интервју за СНН Карзаи увери дека неговата влада напорно работи на ослободување на 21 Јужнокорејски заложници,киднапирани од страна на Талибанците.Но,кон грабнувачите нема да има никакви отстапки.Ние нема да направиме ништо што би ги охрабрило грабнувачите и би го засилило тероризмот.

Безбедносната ситуација во изминативе две години во земјата е дефинитивно влошена,во тоа не постои никаков сонмеж, изјави авганистанскиот претседател:

„Јас предвидов и очекував нараснување на милитантните активности во Авганистан.Секогаш пред меѓународаната заедница укажував на оваа грижа,систематски,редовно,речиси дневно го предупредував светот каков е развојот на состојбата во земјата“,рече Карзаи.

Талибанците контролираат денес најмалку 40 проценти од територијата на Авганистан и 36-те илајди војници на НАТО и 12 –те илјади американски војници се чини се далеку од тоа да ја имаат контролата.На меѓународната коалиција и се заканува напротив губење на поддршката на авганистанскиот народ,ако веќе не е изгубена.Нападите,во кои страдаат цивили,а не Талибанци,ја бришат разликата меѓу НАТО и американските трупи и советските окупатори од 1979 година.

„Претераното употребување сила во оваа ситуација и недостатокот координација со авганистанските власти доведува до овие загуби“,изјави Карзаи.

Во потрагата по шефот на А л Каеда Осама Бин Ладен во Авганистан изминативе години не е направен напредок,Карзаи пред тргнувањето за САД тврдеше дека шефот на терористичката организација не се наоѓа во Авганистан,а не му е познато каде се крие во моментов.

Во меѓувреме токму на почетокот на престојот на авганистанскиот претседател во САД ,екстремистичката организација Ал Каеда се огласи со нова видео порака и се закани со напади.Кон исламот конвертираниот американски граѓанин Адам Гадан во видео снимката ги предупреди американските дипломати и амбасади во САД,во Авганистан и во Ирак да се подготват за атентати.Сите институции од каде што произлегуваат акции и агресии против Авганистан и Ирак,се легитимни цели,гласи пораката од видео снимката објавена на интернет.