1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Карго линија меѓу Кина и Германија

Неделава во северно-германското градче Пархим слета првиот карго авион од Кина. Аеродромоттреба да стане нова карго метропола за растечката трговска размена меѓу Европа и Кина.

default

Растоварување на голем карго авион од типот „боинг 747„ на аеродромот во Пархим

На долгата тешка тишина што го исполнуваше аеродромот во гратчето Пархим наскоро ќе и‘ дојде крајот. Претседавачот на Надзорниот одбор, Карин Штанц најави:

“Аеродромот во Пархим ќе се разбуди наскоро од долгогодишниот сон. Денеска се отвора официјално транспортната линија, од која се надеваме дека ќе дојде вистинско заживување на дејноста.“

Таа порача дека првиот транспортен авион полетал од јужно-кинескиот град Женгжу и носел еден трактор, неколку електро- апарати и големо количество спортски чевли и пластични играчки. Се‘ на се‘ 160 тони. Вака добро натоварени авиони треба да пристигаат во Пархим барем три пати неделно. Парите за воспоставувањето на редовната транспортна линија меѓу Кина и Германија доаѓаат од претприемачот Џонатан Панг Јулинг, кој е сопственик на шпедитерската фирма “Линк голбал“ со седиште во Пекинг. Тој пролетва го купи аеродромот во Пархим за 30 милиони евра. Со тоа тој стана прв Кинез кој поседува дозвола за водење аеродром на европска почва.

“Со аеродромот може добро да се заработува. Пари носи и складиштењето и товарањето и растоварањето на авионите, самиот транспорт. А освен тоа овде можеме да изнајмиме уште повеќе земјиште и да подигнеме хали и стоваришта – тоа е едноставно добра инвестиција.“

На странскиот инвеститор му е доделена и дозвола за работа на аеродромот од 24 часа.

“Кога год и да дојде некој авион, ќе може овде да слета. Овде имаме дозвола за слетување од 24 часа во текот на денот, бидејќи околината е ретко населена. А тоа е во товарниот транспорт најважното, тоа е огроман предност на овој аеродром“ - нагласува сопственикот Пенг.

Она што е меѓутоа за него најважно е долгата полетно-слетна писта на аеродромот Пархим. Таа изнесува цели 3000 метри и на неа може без проблеми да слетуваат и големи авиони како аевропскиот Ербас А380. Освен тоа и местоположбата е одлична: до Хамбург од овде има само еден час, до Берлин час и половина, а и морските пристаништа Росток и Визмар се лесно достапни.