1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Караџиќ нема да се покае“

По неколку сослушуавања, бојкот на процесот од страна на обвинетиот и четири месечна пауза, во Хашкиот трибунал продолжува судењето против поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, обвинет за геноцид.

default

Радован Караџиќ

Југославија веќе се распадна, а во Хрватска беснееја борби, кога во парламентот на Босна и Херцеговина зад говорницата застана водачот на тамошните Срби Радован Караџиќ. Неговите закани беа насочени кон муслиманските Бошњаци и босанските Хрвати, кои ги

Serbien will Karadzic an UN-Tribunal überstellen

Радован Караџиќ на Пале

предупреди да не се отцепуваат од повеќенационалната држава, во која српското население беше доминантно: „Немојте да мислите дека нема да ја однесете Босна и Херцеговина во пекол, а муслиманскиот народ можеби во исчезнување. Затоа што муслиманскиот народ нема да може да се одбрани ако има војна.“

Кратко потоа, во Босна изби најкрвавиот конфликт во Европа по Втората светска војна. Повеќе од 110.000 илјади луѓе го загубија животот, а преку еден милион извесен период беа прогонети. Триипол години Србите го гаѓаа со гранати и снајперисти опколеното Сараево. Трагична кулминација беше егзекуцијата на 8.000 Бошњаци во Сребреница. Освен ова, во многубројни концентрациони логори, жените беа масовоно силувани, а мажите тепани до смрт.

„Полициска палка во ранетиот стомак“

Мурат Тахировиќ е еден од оние кои ги преживеаја мачењата: „Јас бев тешко ранет во градниот кош и стомакот. Раната на стомакот остана отворена и во неа ми ставија полициска палка. Бев тепан, во тој период ми беа скршени повеќе заби. Ме провоцираа, психички ме малтретираа, не смеев да одам во тоалет. Миење, хигиена, тоа секако немаше.“

Bosnische Muslima betrauert in Srebrenica Getötete

Жртвите од Сребреница

Тахировиќ бил на средината на своите 20-ти и војник на армијата на Бошњаците. Тој бил упасен и однесен во логор на хрватската граница. По два месеца, поранешниот рударски техничар бил ослободен. До денес има постојано болки, и не може да се ослободи од сликите од тоа време. Тахировиќ, кој раководи едно здружение на Бошњаците, поранешни затвореници во концентрациони логори, навраќајќи се наназад вели: „Не можам да им забележам на момчињата кои имаа 18,19 или 20 години. Тие беа премногу млади и беа изманипулирани преку разни медиуми и притисоци. Можеби не сум тој кој треба да каже, но на некој начин им простувам. Но, оние кои беа свесни, кои беа високо образовани, кои како Караџиќ беа психолози, на тие луѓе не може да им се прости. Тој сосема свесно влезе во нешто, што доведе до страдање на еден, или повеќе народи на просторите на Босна и Херцеговина.“

Силни докази против Караџиќ

Обвинението против Караџиќ пред Меѓународниот суд за воени злосторства за поранешна Југославија содржи единаесет точки. Тој е обвинет дека е одговорен за брутална повреда на човековите права од страна на Србите во Босна врз муслиманските Бошњаци и

Serbien will Karadzic an UN-Tribunal überstellen

Радован Караџиќ во Бања Лука

босанските Хрвати. Дека злосторствата биле сторени, тоа веќе го потврдија досегашните многубројни пресуди на судот во Ден Хаг.

Мирсад Токача смета дека доказите против Караџиќ се толку силни, што не би можело да постои сомневање во неговата вина. Токача е шеф на Центарот за документација на војната во Сараево: „Тој ја предизвика војната, се разбира не самиот. Караџиќ зад себе го имаше Белград, ја имаше Србија, го имаше режимот на Милошевиќ и Југословенската народна армија. Клучните злосторства се случија токму во периодот април - мај 1992 година, делумно и во јуни и во јули. Во тој период тука беше ЈНА и нејзината моќ, нејзиното оружје работеа во полза на оваа идеја. Јас на судот му доставив некои документи кои го потврдуваат токму тоа. Тоа се аудио-записи од еден од неговите настапи во Сараево, во кои точно зборува за тоа кој е со него и кој го подржува.“

Судиницата како политичка бина

Радован Караџиќ му беше сојузник во војната на неговиот политички ментор Слободан Милошевиќ, тогашниот националистички и авторитарен претседател на Србија. Овој став не го дели само Токача, туку го делат и обвинителите на Трибуналот. Милошевиќ, Караџиќ и други српски политичари, армиски и полициски офицери се обвинети дека сакале да го искористат распадот на Југославија за присилно присвојување на области од Хрватска и Босна населени со Срби. Милошевиќ почина во текот на процесот против него.

Како и Милошевиќ, и Караџиќ самиот ќе се брани и ќе ја искористи судницата како политичка бина, смета психијатарот Сенадин Љубовиќ, кој лекува жртви од босанската војна: „Тој беше убеден дека правилно постапува. Тој дури ќе каже дека бил принуден да нареди убиство на толку многу луѓе. Тој дури и ги предупредил, но тие не сакале да го слушаат. Не верувам дека некогаш ќе се покае. Трагедијата е што српскиот народ кој толку многу

Niederlande Den Haag Radovan Karadzic vor UN Kriegsverbrechertribunal

Караџиќ пред Меѓународниот суд во Ден Хаг

страдал низ историјата и дал толку многу жртви и има толку големи луѓе во сите можни области, да најде величина во Радован Караџиќ.“

Љубовиќ му беше ментор на Караџиќ. Тој го воведе, тогаш младиот студент Караџиќ, во психијатријата на клиниката во Сараево. Караџиќ, чие хоби е пишување поезија, во босанскиот главен град дојде со неговите родители од црногорските планини. Кратко потоа, покрај медицинската кариера се зафати и со криминална, пред да биде осуден поради малверзации. Казната затвор никогаш не ја одлежа - благодарение на соработката со тајните служби. На почетокот на војната во Босна и Херцеговина, Караџиќ беше прогласен за претседател на босанските Срби. По крајот на војната, тој исчезна и беше во бегство повеќе од 13 години. Минатото лето беше уапсен во Белград кадешто живееше како надрилекар. Оттогаш е во затвор во Ден Хаг.

Автор: Филип Славковиќ / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM