1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Караманлис: олимпијадата ќе биде “најголемо славје на спортот и културата”

Грчкиот премиер Константин Караманлис ги повика своите сонародници “со радот и гордост” да го пречекаат учесниците и посетителите на летните олимписки игри, што започнуваат в петок во Атина, како и на параолимпијадата што ќе се одржи потоа. Жак Рог за подготовките: “Ова е постигнато со голема ефикасност и покрај широко распространетата скепса".

Грчкиот премиер Караманлис

Грчкиот премиер Караманлис

Премиерот во снимениот телевизиски проглас како порака од игрите до светот ги наведе “зближувањето на луѓето, народите и нациите”, ”почитувањето на различноста”, “хуманоста, која значи намалување на нееднаквоста” во светот и мирољубивата коегзистенција, чиј израз е светото олимписко примирје што го прифатија ОН, а ја претставуваат и грчките симболи на игрите – гулаб и маслиново гранче”. Караманлис повтори дека игрите ќе бидат безбедни. Тој ги повика граѓаните “да ги наполнат стадионите” и “да им аплаудираат на сите спортисти од целиот свет”. Во прогласот игрите ги означи како национална работа, зашто до нив се дошло “со жртви на сите граѓани” и оти игрите водат кон напредок. Олимпијадата, според него, ќе биде “најголемо славје на спортот и културата”, за време на кое “сликата на Грција ќе стигне во сите краишта на светот”. Тој и‘ заблагодари и на претходната социјалистичка влада за победата на кандидатурата на Атина и за текот на подготовките за игрите. По олимпијадата Караманлис очекува пораст на стопанските активности и развој на Грција, благодарение на “најголемата меѓународна промоција на Грција, подобрената инфраструктура, поголемото знаење и поголемиот оптимизам”.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог вчера го обиколи Олимпиското село, во кое тој, како прв претседател на Комитетот, ќе биде сместен заедно со спортистите од светот. Потоа Рог го посети и комплексот олимписки борилишта и олимпискиот стадион, по што оцени: “Ова е постигнато со голема ефикасност и покрај, морам да кажам, широко распространетата скепса. Но, оваа реализација е навистина перфектен одговор на скептиците. Тоа ќе биде големо завештание на Грција и Атина за наредните генерации”.