1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Караманлис го доби мандатот за новата влада

*

Грчкиот претседател Каролос Папуљас му го врачи денеска на премиерот и лидер на победничката Нова Демократија Костас Караманлис мандатот за составување на нова влада. Нова Демократија по вчерашните избори освои 42 проценти од гласовите и со 152 места го задржува апсолутното мнозинство во парламентот. Опозиционите Социјалисти на Јоргос Папандреу освоија 38 насто гласови, а во идното грчко собрание ќе седат и екстремната десница Лаос, комунистичката партија и коалцицијата на левицата. Караманлис не соопшти кога ќе го објави владиниот кабинет, но според законот тоа треба да го стори најдоцна за 48 часа.