1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Капитализмот е на умирање“

Во Дакар е во тек 11-от Светски социјален форум. Тема на критичарите на глобализацијата од светот оваа година се народните бунтови во Северна Африка, кои можат да се сметаат за знаци на криза на капитализмот.

default

Светски социјален форум во Сенегал

Шестдневната средба на противниците на глобализацијата, која започна вчера (06.02.2011), вторпат се одржува во африканска земја. Во фокусот во Дакар е кризата на капитализмот. За многумина средбата во Сенегал е особено значајна, зашто се одржува во Африка:

„За време на Форумот Африка ќе си ги каже маките за да се постигне подобар свет и да се извадат на виделина проблемите на овој континент“, вели Бабуна Калифа Д‘Аките од Мавританија. Тој со години живее во Дакар, ангажирајќи се за правата на бегалците од својата татковина. За него е особено важно што на Форумот ќе се дискутира и за проблемите на миграцијата, што е заострен на пример во Гвинеја Бисао. Важна тема исто така е и земјоделството во Африка.

Der Präsident von Bolivien Evo Morales beim Weltsozialforum

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, на Форумот во Дакар

Египет и Тунис во фокусот

Но, овојпат сите други теми се речиси во сенка на сегашните протести во Египет и во Тунис. Ево Моралес, претседателот на Боливија и прв претседател од редот на индигените народи, со свој став за случувањата:

„Браќа и сестри, гледаме дека капитализмот во светот, посебно кога ќе се конфронтира со проблемите, полека умира. Гледате што се случува во Египет. Сметам дека во арапскиот свет е во ек револт против американскиот империјализам. Оваа борба не може да биде запрена, иако Американците се обидуваат да го направат тоа преку пумпање пари. Решението е во социјалните движења, а не во репресијата“.

Алекс Пасадакис од антиглобализациската организација АТАК од Германија револтите во Северна Африка ги анализира сепак потрезвено:

„Она што го гледаме во Тунис и Египет дава привид на можноста од движење во друг правец, за социјални права, демократија. Сепак, оние кои ја предизвикаа кризата се‘ уште се на функциите“.

Weltsozialforum WSF World Social Forum 2011

Меѓу учесниците се и активисти од Бразил

Пасадакис верува дека бунтовите во Тунис и соборувањето на претседателот Бен Али ќе значат охрабрување и надеж за многу луѓе во Африка. Но, многумина т.н. капиталистички политичари немаат интерес за промена на системот.

Глобализацијата не е фатална реалност

Поранешниот министер за образование на Мароко, Абдала Сааф, исто така е во Дакар и одблизу ги набљудува социјалните движења. Професорот по политички науки го потврдува мотото на т.н. алтернативци: „Можен е поинаков свет“:

„Глобализацијата не е фатална реалност, како што мислат многумина кај нас во Мароко. Постојат и други можности. Потребен е пробив на креативноста, а не меѓународни механизми, како ММФ, кој воведува свои правила“.

Светскиот социјален форум во Дакар трае до 11 февруари.

Автор: Ренате Кригер/ Жана Ацеска

Редактор: Горан Чутаноски