1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кан на голот во натпреварот за трето место

Во натпреварот за трето место утре во Штутгарт на голот на германската репрезентација ќе застане Оливер Кан. Според весниикот Билд, тренерот Јирген Клинсман веќе му ја соопштил својата одлука на голманот на Баерн Минхен, дека на натпреварот против Португалија ќе го чува голот на Германија. Со оваа одлука е согласен и првиот голман на гермаснкиот тим Јенс Леман

Оливер Кан и Јенс Леман

Оливер Кан и Јенс Леман

Јенс Леман е согласен Оливер Кан утре да застане на германскиот гол „Ако Оливер сака да игра и тренерите се убедени во тоа, мислам дека заслужи. Тој одлично се однесуваше на ова Светското првенство.“ рече првиот голман на германската репрезентација Јенс Леман на редовната прес конфереција.

Инаку по поразот против Италија, фудбалерите на Клинсман полека се будат од шокот. Денеска репрезентацијата патува за Штутгарт каде ќе го оддигра последниот натпревар на Светското првенство против репрезентацијата на Португалија. Германските фудбалери се надеваат на победа и трето место, но тоа не е единсвтената утешна награда за високите амбиции на репрезентацијата. Имено напаѓачот Мирослав Клозе, кој постигна дури 5 голови на ова Светско првенство има одлични шанси на крајот на биде и стрелец на првенството на што тој се радува. „Навистина е голема работа да бидеш најдобар стрелец на Светско првенство. Се разбира си посакувам такво нешто. Барем една титула да остане во Германија.“ рече Клозе

По натпреварот со Португалија, тимот на Клинсман ќе прославува со навивачите во Штутгарт, имено натпреварувачите сакаат да им се заблагодарат на луѓето кои изминативе неделели им пружија огромна поддршка. Забавата ќе продолжи во недела во Берлин, на веќе легендарната навивачка миња, каде фудбалерите уште еднаш ќе им се заблагодарат на своите фанови. Јенс Леман уште сега се радува на тој момент. „Тоа е гест, кој ќе биде многу важен. Ние живееме од слики и чувства. Како за крај овој гест повторно ќе биде еден емоционален врв.“