1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кан будно ја следи грчката драма

Во сенка на европската должничка криза во Кан започна средбата на 20-те водечки индустриски и земји во подем. САД и земјите во подем го засилија притисокот врз Европејците брзо да ја решат кризата околу Грција и еврото.

default

Самит на Г20

Американскиот претседател Барак Обама претпладнево одржа билатерални средби со домаќинот, францускиот претседател Никола Саркози како и со германската канцеларка Ангела Меркел. „Најважен аспект на нашата задача е да

Cannes G20 Gipfel Frankreich Merkel Obama

Обама бара решение

се надмине финансиската криза овде во Европа“, изјави претседателот Обама. Тој истовремено ги пофали одлуките од последниот европски самит и порача дека истите мораат „ефективно да бидат спроведени, за да се стабилизира не само еврозоната, туку и целокупниот финансиски систем“. На средбата со канцеларката Обама изразил загриженост дека кризата околу Грција би можела да ги зафати и САД. „Обама јасно стави до знаење, дека полага голем интерес во силно евро и решение на проблемите околу еврото“, се вели од германски владини кругови. Германската канцеларка Меркел од своја страна го означи самитот на Г20 како „шанса“. Нема да се зборува само за Европа, туку за светот.

Папандреу ги измеша картите

Иако европските лидери пред една недела постигнаа согласност околу планот за надминување на должничката криза, најавата за референдум на грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги измеша картите. Затоа во Кан сега повторно се одржуваат

Frankreich Griechenland Finanzkrise Krisetreffen G20 Gipfel in Cannes George Papandreou geht

Папанреду под притисок

кризни средби меѓу претставниците на ЕУ и ММФ за излез од новонастанатата ситуација. Шефот на еврозоната и премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер не исклучува истапување на Грција од еврозоната. Земјата на која и‘ се заканува државен банкрот не може „по секоја цена“ да остане членка на еврозоната, изјави Јункер за германската телевизија. Комисијата на ЕУ во Брисел во меѓувреме пак појасни, дека таков чекор би значело и истапување од ЕУ. „Договорот на Европската унија не предвидува истапување од еврозоната без притоа да се напушти и Европската унија“, изјави портпаролка.

Рускиот претседатател Дмитри Медведев побара да се стави крај на несигурноста. „Целиот свет чека на добри вест од Грција, на добри, а не на егзотични или популистички“, изјави Медведев во Кан. Групата земји во подем (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), кои ги успогласуваа ставовите пред самитот на Г20 исто така ги повикаа Европејците да преземат брзи чекори.

Автор: АТ/ ЖА/ афп/ројтерс

Редактор: Ж. Ацеска

DW.COM