1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кантримен: Тешко е во Скопје да не се разговара за името

Томас Кантримен, заменик - помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа, денеска е во посета на Скопје. Американскиот дипломат се среќава со претставници од власта и опозицијата.

default

Груевски и Кантримен

„Не носам предупредувања до премиери. Ние дискутиравме за нашата искрена загриженост која се однесува на владеењето на правото и слободата на медиумите, бидејќи тие се јасно наведени во нашиот извештај за човекови права. Ние ја делиме таа загриженост, а секогаш има и теми за разговор меѓу две пријателски земји“, изјави американскиот заменик помошник државен секретар за Европа, Томас Кантримен по средбата во Скопје со премиерот Никола Груевски.

Тој посочи дека на разговорите станало збор за агендата за време на средбите на премиерот Груевски со потпретседателот на САД Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон, закажана за следната средба во Вашингтон.

Запрашан за евентуални предвремени избори Кантримен вели дека нема коментари и оти тоа е внатрешна работа за која очекува политичкото раководство на земјата одговорно да се справи. На средбата станало збор и за спорот за името. „Тешко е да се дојде во Скопје, а да не се разговара за името“, истакна Кантримен и го повтори ставот на Вашингтон, дека САД не се директно вклучени во преговорите, но додаде, ги поздравуваaт средбите на двајцата премиери кои директно и доверливо разговараа за проблемот. САД и натаму се надеваат дека овој процес ќе доведе до решение, но ние не ги предвидуваме работите и не се мешаме во преговорите, подвлече Кантримен.

Американскиот дипломат по разговорите со Груевски има средби и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Томас Кантримен во Скопје пристигна од Тирана во рамки на неговата мини балканска турнеја, а оттука заминува за Приштина.

Автор: АТ/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM