1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Канада ја призна Македонија под уставно име?

*

Обединетата македонска дијаспора соопшти дека Канада ја признала Република Македонија под уставното име. Одлуката се очекува и официјално да биде соопштена од канадските власти. Веста ја потврди и агенцијата Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од македонското министерство за надворешни работи. Портпаролот на грчкото министерство за надворешни Јоргос Кумуцакос, изјави дека Грција не е среќна поради ваквата одлука на Канада, и најави дека Атина ќе упати официјален протест. 117 држави досега ја признаа Македонија под уставното име, меѓу нив и три постојани земји членки на Советот за безбедност САД, Русија и Кина.